ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министерство за култура: Усогласените плати со минималнaта плата ќе донесат поголеми резултати во културата

April 28, 2022 14:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура соопшти дека во првите сто дена од работата на Владата континуирано ги спроведувале политиките за заштита на културното наследство, се усогласија платите во културата со минималната плата, но и непречено се постапува по препораките на УНЕСКО за зачувување на Охридскиот Регион.

-Во првите сто дена од работата на овој состав на Владата, Министерството за култура продолжи континуирано да ги спроведува политиките за заштита на културното наследство, како и за одржување високо ниво на уметничките содржини на институционално и на вонинституционално ниво, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму посочуваат дека во нормативниот дел, со денешната јавна расправа за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, се заокружува предлог-текстот кој е усогласен со директивите на ЕУ, и продолжува во владина и собраниска процедура за негово донесување.

Исто така, како што потенцираат, на барање од пошироката културна јавност, бил повлечен Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата и беше формирана работна група која ќе работи на унапредување на предлог-текстот, во насока на имплементација на забелешките и создавање поволен амбиент за остварување на дејностите во културата.

За непречено постапување по препораките на УНЕСКО за зачувување на Охридскиот Регион, формиран е новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО, како и Националниот совет за културно наследство.

Од Министерството потенцираат дека со особена грижа се поддржува меѓународното претставување на земјава преку содржините во културно-информативните центри надвор од земјава, и со присуството на големите фестивали, како што беше и последната успешна изложба на Венециското биенале на уметноста.

Во капиталните инвестиции се распределени 536 милиони денари, а се работи на изградба на нови објекти и реконструкција на стари, како што се Турскиот театар; Театарот и Библиотеката во Тетово; центрите за култура во Куманово и во Прилеп; реконструкцијата на покривите на МСУ и на НУБ „Св. Климент Охридски“, а во завршна фаза се и проектите за реконструкција на објектите на Музејот на Северна Македонија и на „Мала станица“.

-Во овие 100 дена на Владата на Северна Македонија беа усогласени платите во културата со минималната плата, со што се доби соодветна валоризација на трудот на вработените и на уметниците. Министерството за култура и Владата се уверени дека тоа ветува врвна продукција, засилена заштита на културното наследство и високи резултати во институционализираната култура, се наведува во соопштението на Министерството за култура./МИА/

Next Post

Условна казна затвор за ексдиректорот на Централен регистар

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk