ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните

April 29, 2022 13:33
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија” кој се одржа во „Националната опера и балет“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министрите на Владата ги сублимираа и презентираа обемните постигнувања на Владата во текот на 100 дена од нејзиното работење и одговараа на прашања од интерес на медиумите и јавноста.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што следеше панел сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите.

Премиерот и министрите ги презентираа постигнувањата на Владата во надворешната политика, владеењето на правото и реформите, економијата, како и стандардите на живеење и животната средина.

На Форумот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

Во оваа пригода премиерот Ковачевски истакна дека Владата ја докажа својата цврста заложба да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа, како што посочи, е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.

На прашањето за перспективите на ЕУ интеграциите на Северна Македонија и Албанија и јасните пораки од страна на САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, премиерот Ковачевски посочи дека од огромно значење е тоа што постои огромна поддршка на европските интеграции внатре во нашата државата поради тоа што нашиот народ знае дека ЕУ е унија во која се негуваат основните демократски вредности: слобода на изразување, право на критичко мислење и изразување и социјална правда.

„Ние 30 години и како институции и како граѓани имаме вложувано многу за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Потврда за тоа се и четирите позитивни извештаи од Европската Комисија. Имаме и значајна поддршка од држави како Франција, Германија, САД но на патот кон членството во ЕУ, за жал, имаме предизвик со ветото кое го стави минатата влада на Република Бугарија“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека во правец на континуирано негување добрососедски односи отворивме дијалог со бугарската влада во кој беа вклучени сите министерства како дел од работни групи преку кои се фокусиравме на теми свртени кон иднината.

„Успехот во овој процес може да се очекува врз основа на дијалог кој ќе се темели врз европски вредности но и врз принципите на почит и принципот на достоинство кои двете страни мора да ги чуваат, негуваат. Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење идни одлични односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме  обврска да наметнеме  позитивен наратив-насочен кон иднината кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, истакна Ковачевски.

Next Post

Донфрид во Тирана се сретна со Рама и Алибеај, но не и со Мета и Бериша

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk