ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Забрчанец: Македонскиот јазик за ВМРО-ДПМНЕ беше џуџе, а за државата е џин

May 5, 2022 18:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот јазик за ВМРО-ДПМНЕ беше џуџе, а за државата е џин. На ВМРО-ДПМНЕ македонскиот јазик не им чинеше оти е словенски, а тие нели антички. А од истите причини Грција ни го призна јазикот како македонски, чист без придавки.

Врхушката на ДПМНЕ во нивните 11 години го оставија македонскиот јазик да тоне. На милиони евра потрошени за споменици, барок, кампањи и пропаганда, не преземаа ама баш никакви активности за промоција на македонскиот јазик. Најверојатно не им се допаѓаше бидејќи е словенски, а тие нели антички. Отидоа до таму што еден од најголемите македонисти, Блаже Конески, го нарекуваа џуџето од Небрегово.

Но дојде промената. Дојдоа нови, многу подобри времиња за нашиот јазик, столбот на нашиот македонски идентитет.

Изминативе четири години државата се ангажираше во сериозна заштита и промоција на македонскиот јазик.

Правописот на македонскиот јазик го дигитализираме и го направивме бесплатно достапен за сите граѓани. www.pravopis.mk. Толковниот речник исто така. www.makedonski.gov.mk.

Започна постапката за изградба на Центар за заштита и промоција на македонскиот јазик во старото училиште во Љубојно.

Постојано се зголемува бројот на лекторати низ светот во кои се изучува македонскиот јазик. 300 студенти на универзитетите во Истанбул, Риека и во Будимпешта го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и уште 100 на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно и Храдец Кралове, Братислава… Наскоро ќе се отвори и нов лекторат во Анкара, а се прават подготовки и за Пекинг.

Државата во текот на 2021 организираше серија достојни и суштински настани за промоција на македонскиот јазик низ јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Конечно, со Договорот од Преспа и пријателска Грција ни го потврди нашиот македонски јазик.

Нека се вечни сите лингвисти, лектори, книжевници, даскали и македонисти кои низ вековите ни го градеа и чуваа нашиот јазик, нашиот идентитет.

Објава на Фејсбук на Марјан Забрчанец

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Албански медиуми: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав

July 2, 2025

Без вода стариот дел на градот, без струја речиси цел Дебар и неколку населени места

July 2, 2025

СДСМ за изјавата на Кос: Не сметаме дека еврокомесарката имашe лоша намера, но треба да се биде внимателен за чувствителни прашања

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk