„Граѓаните мора да знаат дека во изминатите две години во Собранието се блокирани неколку десетици закони, клучни за различни области од животот на граѓаните – Законот за Армијата, Законот за наставници и стурчни соработници, Законот за клинички центар и низа закони за проекти од Светска банка“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој ги потсети граѓаните на начинот на кој што се блокираа и антикризните мерки во време на коронакризата, кгоа со молења, чекања и без дебата се одолговлекуваше процедурата.
„Тоа што го правеа тогаш, ќе го гледаме и сега. Но и тогаш и сега, Владата и парламентарното мнозинство ќе најдат демократски начин за тоа што е најсуштинско за граѓаните да биде изгласано“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека Владата покажува високо ниво на подготвеност за разговори и инклузивност во носењето на одлуки и дека при сите поголеми реформи се дискутира со сите засегнати страни, а на дебатите не учествуаат само претставници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги одбиваат поканите.