„Финансирањето на дефицитот во буџетот, заради падот на финансиите во цела Европа, и планирањето на сите буџети, не само на нашиот, не било планирано според некои цени, особено пред кризата во Украина. Министерството за финансии и НБРМ пристапија сериозно и мораа да најдат извори на финансирање. Тие мора да го најдат вистинскиот извор“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телевизија 21.
Во врска со ММФ, истакна Ковачевски, не станува збор за никаков аранжман како што сака да манипулира опозицијата, туку за еден од инструментите на ММФ со далеку поповолни услови, таков инструмент имавме и минатата година, а тој потоа ви дава можност да се зборува и со други инвеститори за обезбедување финансии.
„Министерството кога ќе заврши со преговорите ќе излезе пред јавноста и јасно ќе биде кажано за што станува збор и под какви услови. Ребалансот на буџетот може да е кон крајот на мај или почеток на јуни. Гласањето на буџетот е предвидено колку денови трае расправата за буџетот и колку гласови се потребни, па и да има некакви блокади сепак буџетот ќе помине.“рече Ковачевски.