ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Билјана Кираџиева и Дарио Ивановски победници во трките на десет километри на HalkEco Skopje RUN

May 8, 2022 11:57
in Uncategorized
Билјана Кираџиева. Фото: Skopje Run Фејсбук

Билјана Кираџиева. Фото: Skopje Run Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот клуб Работнички и насловниот спонзор HalkBanka, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт изутринава се одржа 6-тото издание на HalkEco Skopje RUN трката на десет километри.

На трката учествуваа околу 1.300 натпреварувачи. Почетокот и целта на трката беше фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк.

Победник во машката категорија на овогодишната десет километарска трка, како и претходните пет изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 32:36.

Од женската категорија прва беше Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го зеде Миљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.

Skopje RUN. Фото: МИА

– Пред 6 години, се јави потреба, поради преголема заинтересираност, да се организира и оваа трка, која е во склоп на Виз Ер Скопски маратон. HalkEco Skopje Run 10 км, почна како локална, а многу брзо прерасна во меѓународна трка. Со оваа трка, исто и како со другите кои се дел од Виз Ер Скопски маратон, секоја година докажуваме дека нашата земја има активно, спортско население. Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите учесници на трката, а на оние најдобрите им честитам за постигнатите резултати, изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

Оваа трка, како и другите кои се дел од Виз Ер Скопски маратон, има за цел да ги мотивира сите учесници, кои го даваат максимумот од себе, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави навики.

Next Post

Отворен ден на спортскиот аеродром „Стенковец“ за приказ на воздухоплови кои се дел од вежбата „Swift Response 22“ на Криволак

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk