Поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ објави табло од Христијан Мицкоски и пратениците од опозициската партија насловено: ДСУ „ВМРО-ДПМНЕ“ ОТСЕК НЕРАБОТНИЦИ“. „Неработниците и класниот, овие нè чинат 55.000 евра месечно“, пишува во објавите од СДСМ.
Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Само за основни плати, додаде Кузеска, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно.
„Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така врз грбот на граѓаните. Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните“, истакна Кузеска.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, од вчера започнаа со блокада на Собранието на Северна Македонија