Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) денеска со жрепка во Луксембург го одреди составот на групите за Европското првенство за јуниорки, кое од 27 август до 4 септември ќе се одржи во Скопје.
Македонската женска јуниорска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А против Полска, Италија, Грција и победникот од квалификациската група К.
Групата Б на завршниот турнир во Скопје ја сочинуваат Србија, Турција, Хрватска, Романија, Швајцарија и квалификантот од групата Ј.
Квалификациите за Европското првенство се на програмата од 30 јуни до 3 јули. Во групата Ј во Холандија ќе играат домашната репрезентација, Естонија, Словачка и Шпанија, додека групата К во Подгорица ја сочинуваат домаќинот Црна Гора, Франција, Финска и Австрија.