ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Собранието функционира и покрај блокадата на опозицијата

May 14, 2022 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата. Дневниот ред на пленарната седница е усвоен, а започна и расправата за избор на уставни судии, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски, информира МИА.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Прилеп, Ковачевски уште еднаш повтори дека е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика пратениците да бидат одговорни.

– Во такви услови, секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневиот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла и не може Собранието да се смета за супермаркет каде некој ќе одлучува кој закон ќе помине, а кој нема да помине, потенцираше Ковачевски.

За тоа дека опозицијата е таа која блокира корисни закони за граѓани, Ковачевски го посочи примерот со Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со која претседава пратеник од опозицијата, а на која се уште на дневен ред не е ставен законот во кој треба да се направи техничка измена за да може на тутунарите да им се исплатат субвенциите.

– Средствата се обезбедени во Буџетот. Секоја година се прави измена во законот со која производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци. Тоа е техничка измена која Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент, на дневен ред на Комисијата за земјоделство, не се става тој закон. Со оглед на тоа дека Комисијата ја води пратеник од опозцијата, тој закон не се става на седница. И оттука може да се види дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони коишто значат подобар живот на граѓаните, рече Ковачевски.

Next Post

Маричиќ: ЕУ мора да остане фокусирана на Западниот Балкан и покрај кризата во Украина

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk