Горди и слободни го чуваме и споделуваме 17 Мај како спомен и симбол на моќта на различностите и моќта на здружувањето, пишува во објавата Марјан Забрчанец, по повод седум години од најмасовниот граѓански протест против режимот на Груевски.
Забрчанец нагласува дека нема поголема сила од силата на илјадниците граѓани кои со чиста мисла и јасен став бараа и добија слобода и напредок.
„17 мај е црвената македонска булка која секоја пролет слободно се крева и живее“, истакнува Забрчанец.