ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Брнабиќ: Силната регионалната соработка – основа за забрзан економски развој

Ковачевски на средбата со премиерката на Србија се заблагодари за отстранувањето на забраната за извоз на житни производи и масло за јадење, со што покажа разбирање и солидарност како дел од својата определба за соработка во регионот.

May 18, 2022 12:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгогодишните и традиционално добри билатерални односи кои дополнително се зајакнуваат од година во година, низ интензивен и пријателски политички дијалог потврден со редовни и чести средби и посети на високо ниво, беа потврдени на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со неговата српска колешка Ана Брнабиќ.

На оваа средба, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски истакна дека унапредувањето на односите меѓу двете земји продолжува во насока на продлабочување на односите со посебен акцент на економската соработка.

Kaко што соопшти владината Прес-служба, на средбата е посочено дека од посебно значење беше помошта и поддршката од Србија за време на Ковид-кризата, кога оваа земја го помогна справувањето со пандемијата со вакцини и друга медицинска помош.

Ковачевски на средбата со премиерката на Србија се заблагодари за отстранувањето на забраната за извоз на житни производи и масло за јадење, со што покажа разбирање и солидарност како дел од својата определба за соработка во регионот.

– Претседателите на Владите на Северна Македонија и Србија, Ковачевски и Брнабиќ ја потенцираа комуникацијата и партнерството на највисоко ниво во рамките на Иницијативата Отворен Балкан како дополнителен импулс за регионална соработка, добрососедство и имплементација на европските вредности во нашиот регион, се наведува во соопштението.

Тие заеднички оценија дека иницијативата треба да продолжи да функционира како платформа за регионална соработка на сите нивоа, притоа потенцирајќи дека е отворена поканата на претстојниот Самит на „Отворен Балкан“ во Охрид да земат учество и другите земји од регионот, со што ќе се почувствува поголема придобивка за сите граѓани од Западен Балкан.

На средбата стана збор и за подготвеноста на двете страни за организирање третата заедничка седница на двете влади, како позитивен поттик за натамошниот развој и интензивирање на односите и соработката, особено во економската соработка.

Србија е трет најголем трговски партнер на Северна Македонија, а премиерите Ковачевски и Брнабиќ констатираа дека вкупна вредност на трговската размена од над една милијарда долари, што бележи раст токму за време на пандемијата, е јасен знак дека економската соработка треба да продолжи да се унапредува со континуирани „Б2Б средби“ и бизнис форуми, како и со заедничко вмрежување за настап на трети пазари.

Како посебно значајни за поврзување на регионот, на средбата беа оценети автопатните и железничките инфраструктурните проекти на Коридорите 10 и 8.

– Во однос на евроинтеграцијата на регионот, претседателите на Владите, Ковачевски и Брнабиќ оценија дека сега е вистински момент Северна Македонија и Србија да ги започнат преговорите со ЕУ и дека тој чекор ќе биде позитивен сигнал за целиот регион од аспект на неговата геостратешка важност и стабилност, се подвлекува во соопштението од владиниот Прес-центар.

На средбата како позитивен е оценет моментот на придвижување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со цел за надминување на меѓусебните прашања.

Next Post

Која е Сана Марин, премиерката што му пркоси на Путин и ја внесува Финска во НАТО

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk