ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Масовното купување суровини за производство на струја ќе влијае врз раст на цените

Нè чека најтешката зима по Втората светска војна. Ние во моментов правиме сé за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и за да ги обезбедиме сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае на раст на цените, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски...

May 19, 2022 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нè чека најтешката зима по Втората светска војна. Ние во моментов правиме сé за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и за да ги обезбедиме сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае на раст на цените, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб во рамки на Групацијата НИКОБ.

Според премиерот, каква ќе биде зимата ќе зависи многу и од развојот на настаните во Украина.

– Ако продолжат воените дејства, тогаш веројатно негативните ефекти од таа војна ќе бидат уште посилни и за Европа и за нашиот регион во целост. Ова ќе биде најтешка зима за нашата генерација, меѓутоа и за генерациите постари од нас, дополни Ковачевски.

Тој повтори дека со ребалансот се обезбедуваат средства кои треба да бидат бафер за дополнителни мерки за заштита на најранливите категории граѓани.

– Веќе информираше ЕСМ дека е во финализација на кредит од Европската банка во износ од 100 милиони евра под многу поволни услови со каматна стапка до еден процент, преку кој ќе се обезбеди непречено функционирање на ЕСМ. Кога зборуваме за финансискиот резултат на ЕСМ тогаш јас во еден јавен настап кажав дека доколку не се донесеше одлука на Владата за да се субвенционира цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните, а ние во моментов субвенционираме 80 проценти од цената на електрична енергија што ја плаќаат граѓаните и малите потрошувачи, тогаш ЕСМ немаше да има загуба и веројатно доколку продаваше по пазарни цени коишто се огромни и којшто доколку продаваше по пазарни цени ќе предизвикаа ценовен шок за граѓаните коишто цени веројатно и немаше да можат да ги покријат, тогаш ЕСМ веројатно годината ќе ја завршеше со 200 милиони профит, истакна Ковачевски./MИА/.

Next Post

Рускиот војник побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил

Shortcut

Најново

Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk