ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во август се очекува да биде готова една лента од автопатската делница Требениште-Охрид

May 19, 2022 16:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Десната страна од автопатската подделница Требеништа кон Охрид  се очекува да биде комплетно завршена и пуштена кон почетокот на август, а левата до крај на годината, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој изврши увид на градежните активности на подделницата, на 8,5 километри пред Охрид, при што информираше дека се во тек завршните асфалтерски работи. Денеска ќе се вградат 320 тони асфлат – прв слој, а веќе утре се засилуваат асфалтерските работи со вградување и по 900 тони асфалт дневно. Таквите активности ќе продолжат во тек на целата градежна сезона на сите подделници на автопатот во должина од 57 километри,  во вредност од 598 милиони евра.

На терен, долж целата траса, како што рече Бочварски, се повеќе од 700 работници и над 280 градежни машини. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 70 проценти.

Министерот за транспорт порача дека мора да биде испочитуван рокот за изградба на автопатот посочувајќи дека постојано имаат средби и со изведувачот и надзорот, се координираат и ги преземаат сите активности со што, како што рече, полека се приближуваме кон роковите за привршување.

-Сакам да ја уверам целата јавност дека оваа автопатска делница е врвен приоритет  и нема калкулации, ниту јас ниту Владата, ниту Министерството за транспорт и врски, ниту Јавното претпријатие за државни патишта, не прифаќаме повеќе пролонгирање на роковите за изградба. Имаме рок и тој мора да биде испочитуван од изведувачите, изјави Бочварски.

Според него, активно се работи и на останатите подделници на клучките и на тунелот којшто е во завршна фаза. Извршено е комплетно препроектирање на 25 проценти од целата траса, а Министерството ги одобри потребните 70 инфраструктурни проекти и сега, потенцира, имаме чист терен за работа.  

Дополнително, укажа министерот, се водат и постапки и се градат паралелните пристапни патишта со приклучок на постоечките објекти во должина од околу 30 километри. Се гради контролен центар со комплетна опрема за сообраќајна сигнализација вдолж целата траса, така што, работата никаде не е застаната, континуирано се гради за да изградиме модерен и безбеден автопат.

– Свесни сме дека има реакции од граѓаните, но верувајте дека максимално сме посветени и сме во секојдневна комуникација и координација за разрешување на секој еден проблем од овој автопат за да биде изграден комплетно со сите елементи за да биде безбеден за патување на граѓаните, посочи министерот за транспорт. 

Според него, моментно не може да се каже дали ќе се остварат најавите или прогнозите за зголемување на вредноста на целиот проекет поради поскапувањето на градежните материјали.

– Цената на чинење е утврдена на 598 милиони евра. Сведоци сме на осцилациите коишто се јавуваат согласно светските трендови на градежните материјали,  но наша обврска е час поскоро да се заврши овој автопат, да биде безбеден за користење заради тоа што повеќе калкулации од ниту една страна во оваа постапка на градба не смее да има, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање.

Како што информира директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, при денешниот увид на терен констатирале дека се пробиени околу 95 проценти од трасата, како и дека е при крај решавањето на голем број постапки од страна на надлежните институции.

-И денес побаравме од изведувачот да ја зголемат динамиката на изградба на автопатот со позасилено темпо, се работи на поголем број на вујадукти, на неколку клучки, на алтернативни и паралелно пристапни патишта, на потпорни ѕидови, се работи и на тунелите и на сѐ друго што е предвидено согласно со динамиката на изградба, рече Рустеми.

Изградбата на автопатот стартуваше во 2014 година, но рокот за завршување се пролонгираше во неколку наврати. Последниот утврден рок за негово завршување е крајот на 2023 година./МИА/

Next Post

МНР го поздрави усвојувањето на Резолуцијата на Европарламентот за земјава

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk