Ѕвездата на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд не е ниту еден од двајцата, туку убавата адвокатка на познатиот актер кој сака да докаже дека Амбер Херд измислила дека Деп физички и сексуално ја малтретирал.
Темнокосата Камила Васкез е едно од најчесто споменуваните имиња кога станува збор за судењето на векот, а поради нежните прегратки кои знаеше да ги испрати до својот клиент, фановите почнаа да навиваат за тие двајца да завршат во љубовна врска. Но, се чини дека нема ништо од тоа.
Според странските медиуми, 37-годишната Камила веќе неколку месеци е во среќна врска со британски претприемач за недвижнини. Таа не сакаше да ги коментира прашањата за приватниот однос со Деп, но вети дека ќе го коментира случајот кога судот ќе донесе пресуда.
Камила Васкез „убива“ со прашања на судењето. Во неколку наврати, Амбер Херд целосно ги изгубила нервите. Таа е остра, директна и концентрирана, а на интернет се пишува дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за нивниот клиент и за правда.
Убавата Камила го привлече вниманието со својот изглед, но и со неколку нежни прегратки со клиентот Деп. Како резултат на тоа, многумина почнаа да се сомневаат дека Деп и Камила Васкез се зближиле и се заљубиле за време на судењето.
Инаку, Камила Васкез е адвокатка во „Браун Рудник“. Според нејзината биографија на нивната веб-страница, таа е соработник од округот Оринџ, Калифорнија, кој работи во нивната група за судски спорови и арбитража.
подготви: M. M.