ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите

May 21, 2022 09:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот министер за електронска управа, Божидар Бојанов, за време на парламентарната контрола во Народното собрание најави дека ќе се формира ново аналитичко тело за следење на содржината на медиумите и социјалните мрежи во земјава.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи го бугарскиот министер, тоа тело нема да ги одземе ингеренциите на Советот за електронски медиуми во земјава.

Според него, новата единица нема да ги регулира, туку ќе ги следи случаите на намерни дезинформации.

Бојанов кажа и дека во Бугарија не постои орган што е конкретно надлежен за политиката на заштита од хибридни закани, вклучително и против намерните дезинформации.

Според министерот Бојанов, во Бугарија се финансираат и создаваат манипулативни содржини за одредени теми со подржување на таканаречени фабрики за тролови што ја координираат дистрибуцијата на оваа содржина на социјалните мрежи.

Овие тролови, смета тој, често пати се луѓе кои работат од дома. Тие се плаќаат по коментар или објавена статија. По команда тие споделуваат „вести“ до одредени целни групи, на кои им укажува координативниот трол. Ова пак доведува до алгоритамско зголемување на дистрибуцијата на овие содржини и, соодветно се прикажуваат на повеќе луѓе. Исто така, овие тролови известуваат за легитимни гласови во општеството и на социјалните мрежи, што доведува до нивно блокирање, изјави министерот за електронска управа во бугарската Влада, Божидар Бојанов./МИА/

Next Post

Македонската репрезентација во традиционално карате на европскиот карате куп Унгарија опен во Будимпешта

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk