ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Врвни приоритети почитување на правата на децата и вложувањата во системот на детска заштита и раниот детски развој

May 20, 2022 14:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на работилницата за јакнење на капацитетите на релевантните институции за воспоставување на инструмент по мерка за следење на имплементацијата на правата на децата во рамки на ИПА проектот „ЕУ за владеење на правото“, информираат од МТСП.

Министерката изразила благодарност до Европската Унија која финансирањето на овој проект го поддржа во рамки на Инструментот за претпристапна помош од ИПА II Годишната акциска програма за 2020. Проектот претставува значаен придонес во зајакнување на меѓуинституционалната соработка по однос на фундаменталните права кои се клучни за развој и раст на општество со еднакви можности за секој граѓанин, а пред се за децата.

Таа во своето обраќање истакнала дека политиките за почитување на правата на децата, вложувањата за подобрување на системот на детска заштита и раниот детски развој и грижа се врвни приоритети на Владата во периодот до 2024 година.​

-Потврда за вложувањата во капитални инвестиции се отворените 69 објекти на градинки од 2017 година до денес и зголемен дополнителен опфат на околу 4 300 деца. До крајот на 2022 година, предвидено е отворање на нови 13 објекти на градинки со вкупен дополнителен капацитет за 1 360 деца. А 15 градинки кои се во тек на изградба или адаптација и опремување,  се  планирани да се отворат во 2023 година со вкупен дополнителен капацитет за 1 905 деца. За информација, од почетокот на 2022 година, Владата и Министерството издадоа осум решенија за отворање на нови  градинки, рекла Тренчевска.

Министерката посочила дека покрај капиталните инвестиции, Министерството инвестира и во предучилишното згрижување и воспитание преку зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив.

-Поаѓајќи од принципот на најдобар интерес на детето, а во насока на превенција и рана интервенција, политиките на Министерството се насочени кон напуштање на праксата на сместување на деца во установа и нивно понатамошно „институционализирање‘‘. За таа цел беа воспоставени вкупно 20 нови групни домови за деца ширум земјата: Скопје (12), Битола (5), Неготино (2) и Штип (1), во кои се обезбедува 24-часовна грижа за вкупно 87 деца, вклучувајќи 15 деца со попреченост. Вработените лица во групните домови, а кои дел од нив беа претходно вработени во резиденцијалните институции и дел нововработени лица, беа соодветно обучени за новиот начин на грижа. Повеќе од 60 деца кои беа поранешни корисници на резиденцијалните институции во изминатиот период беа сместени во згрижувачки семејства, додека мал број деца беа посвоени или вратени во нивните биолошки семејства, вели Тренчевска.

Во процесот на трансформација на институциите, а со цел зајкнување на на капацитетите на згрижувачките семејства во Република Северна Македонија се отворија и функционираат три центри за поддршка на згрижувачки семејства за деца без родители и родителска грижа. Целта е поддршка и насочување на згрижувачките семејства при обезбедување грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив, а е најблиска на семејната средина.

Министерката за труд и социјална политика се осврна на раната интервенција која е од огромно значење за понатамошен развој на децата со попречености. МТСП заедно со Министерството за здравство спроведуваат активности за воспоставување систем за рана интервенција од 0-5 годишна возраст, а во тек е и изработка на Регистер за лица со попречености, кој ќе обезбеди точна евиденција на лицата со попречености, вклучувајќи ги и децата со попречености.

– Спроведувањето на овој проект, значително ќе придонесе за подобрување на состојбата во областа за унапредување на правата на децата. Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе обезбедува поддршка во имплементација на вакви проекти кои директно придонесуваат во реализација на кредибилни политики и програми, порачува Тренчевска. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk