ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Да бидеме реални, невозможното нема да се случи

Што да прават сега македонските политичари, особено овие од власта, откако вложија значителна енергија, ресурси и сопствен кредибилитет во пропаднатото „иновирање“ на процесот со Бугарија? Тоа за нив не е некакво апстрактно прашање лоцирано во недефинирани временски рамки како што ЕУ со децении го третира интегрирањето на Западен Балкан во Унијата, туку прашање за политички опстанок на следните избори, кога и да се случат тие

May 21, 2022 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Веќе навикнавме дека штом слушнеме засилена активност на Европејците кон Западниот Балкан – Олаф Шолц ќе прави јунска турнеја низ регионот, Емануел Макрон ги свикува регионалните лидери во Париз кон половината на идниот месец, функционерите на Европската Комисија се растрчани по Твитер и низ овдешнава географија за средби на поддршка (и јадење ќебапи) за балканската интеграција во Унијата, европските пратеници со големо мнозинство усвојуваат заклучоци за „итно проширување“ и сл. – веднаш почнуваат да нѐ фаќаат евро-морници по грбот… Тоа одамна е сигурен знак дека нема да има ништо од европската интеграција на Балканот ни во овој турнус од европските празни ветувања за ширењето на ЕУ кон својот континентален југ. Напротив, со најавите за реформирање на самата Унија – идеите за „Европската политичка заедница“ на Емануел Макрон, „Европската геополитичка заедница“ на Шарл Мишел итн. – балканската кандидатска интеграција си останува на „слепиот колосек“ на европската агенда.

Паралелно со тоа се зацврстуваат антимакедонските ставови на Софија кон Скопје, а и обратно, ако не на официјално, тогаш сигурно на граѓанско ниво. Сега веќе е извесно дека договор меѓу Македонија и Бугарија нема, па шансите за нашата евро-интеграција се минимални и главно се темелат врз воопштените очекувања дека некакви евро-американски „дипломатски притисоци“ врз Софија за повлекување на ветото ќе вродат со плод. Најверојатно нема.

Всушност, промената на „форматот“ и интензитетот на билатералните разговори со доаѓањето на Ковачевски и Петков на чело на владите ќе се покаже како пропаднат експеримент, без разлика на исправноста и искреноста во нивните намери. А, и двајцата немаат политички капацитет и моќ во сопствените средини лидерски да направат пробив во „позициите“ на македонската и бугарската страна. Ќе остане тој спор да го решаваат некакви идни општествено-политички елити во двете земји, но за догледна иднина тоа што ваквото „иновативно“ искуство го направи може да има и барем краткорочни негативни ефекти во, всушност, зацврстувањето на конзервативните, националистички пристапи кон постигнувањето договор, особено на страна на Бугарија. Бидејќи од таму, сепак, се очекуваше критичното „поместување“ во позициите кон Македонија, барем во дипломатска „технолошка“ смисла, процесот да напредне со симнување на ветото, макар и со ширење на контекстот на „дијалогот“ за спорните прашања. Тоа не само што не се случува, туку ригидните позиции на претседателот Радев (сфатен како „метафора“ за шарениот блок бугарски националисти) во целиот спор станаа уште подоминантни на тамошната политичка сцена. Со тие внатрешно-политички феномени, во кои доминираат и нивните компликувани односи со Русија, ќе си се занимаваат Бугарите во годините што доаѓаат.

Што да прават сега македонските политичари, особено овие од власта, откако вложија значителна енергија, ресурси и сопствен кредибилитет во пропаднатото „иновирање“ на процесот со Бугарија? Тоа за нив не е некакво апстрактно прашање лоцирано во недефинирани временски рамки како што ЕУ со децении го третира интегрирањето на Западен Балкан во Унијата, туку прашање за политички опстанок на следните избори, кога и да се случат тие.

Она што следува, а што може да се детектира и од некои првични најави од самиот премиер Ковачевски, ќе биде постепеното „ладење“ на „прегреаната“ евро-интегративна агенда на државава. Таа агенда, на домашен план, веќе направи значителни политички штети, што се чита и од големото опаѓање на интересот и поддршката на јавноста за ЕУ. Политиката кон Бугарија и ЕУ беа и еден од главните фактори – има и други – за „пензионирањето“ на Заев од политиката, па продолжувањето во таа насока, после сѐ, ќе значи само дополнително губење гласови дома.

Покрај вжештениот интензитет на случувањата во НАТО, „Отворен Балкан“, де факто, станува примарната надворешно-политичка агенда за нашата економска и дипломатска активност – да, како замена за повторно одложената интеграција во ЕУ – покрај обидот набрзина конципираниот проект на Бујар Османи за нов Стратегиски договор со САД да го „замагли“ неуспехот на полето на евро-интеграцијата. Потпретседателот на Владата, Бојан Маричиќ, ќе остане без суштинско портфолио за својата работа, ако не се смета незадолжителниот „туризам“ што ќе мора да продолжи со билатералните и мултилатералните контакти со ЕУ.

Но, секторот на Маричиќ ќе мора внимателно и активно да ги следи тенденциите на внатрешното преобмислување на „заедничката (гео)политика“ на Унијата во наредните години, бидејќи треба да се остане агилен во антиципирањето на реформите во самата ЕУ. Тоа е секако за децениите, а не за годините што доаѓаат, со оглед на тоа што подолгорочно ќе се редефинира и начинот на односот на ЕУ кон Западниот Балкан, веројатно во пореални параметри од сегашниве: според нејасните најави, „силните“ во Унијата и сегашните свои балкански членки ќе ги „деградира“ во некаков „второкласен“ статус, а за Западниот Балкан ќе следува утешен „трет круг“ на интеграција во нејзината организација, таму каде што големиот дел од јавноста на западните европски членки и мислат дека ни е „рамноправното“ место меѓу нив. За тоа нема причини за лутење или разочараност на наша страна, треба да се види каква конкретна корист би имале ние од таа идна „реорганизација“, за во тој контекст да се димензионираат нашите идни односи со ЕУ.

Нам ќе ни остане понатамошното прагматично, економско-политичко развивање на односите со непосредните соседи (минус Бугарија) и засилување на билателарните односи со САД, Велика Британија и неколкуте членки од ЕУ со кои имаме највисоко ниво на економска размена. На тоа ќе се сведе „меѓународната“ компонента од овдешната внатрешна политика, растоварена од огромното губење драгоцено време и политичка енергија на понатамошното одржување на предимензионираните, а суштински празни релации со ЕУ.

Поентата е дека има во таквата „принудна“ домашна агенда многу работа и значајни неискористени меѓународни потенцијали. Таа агенда останува проевропска, само што е отрезнување од сонот што го ширеше самата Унија дека во Европа, на пример, Данците, Французите и Македонците можат да бидат „еднакви“ граѓани. Не можат, како и да ја дефинирате таа апстрактна рамка, барем не за сегашниве европски генерации.


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Грција најави пакет мерки за побрз проток на граничните премини со Македонија и Турција

May 30, 2026
Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk