ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Независниот Синдикат на професионални војници: Позитивно утврден текстот за Предлог-законот, како резултат на добриот социјален дијалог со МО

May 22, 2022 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Независниот Синдикат на професионални војници СО Скопје денеска соопшти дека на вчерашната средба со министерката за одбрана Славјанка Петровска позитивно е утврден текстот за Предлог законот, како резултат на добриот социјален дијалог со министерката и со МО, во изнаоѓање решенија за сите отворени прашања кои ги засегаат професионалните војници и сите припадници на Армијата.

Како што стои во соопштението, поголем дел од решенијата биле прифатени со кои се решаваат проблеми наталожени со години и значат подобрување на условите за работа и пензионирање на припадниците.

– Професионалните војници добија надоместок за станарина уште од првиот договор за вработување, а не како досега после 4-та година од вработувањето, како и пензионирање по поповолните услови без оглед во кој орган ќе бидат превземени. Беше договорена исплата на 100 проценти од висината на основната плата за боледување на активниот воен персонал, се појаснува од соопштението од претседател на НСПВ СО Скопје, Александар Насковски.

Најавено е и отворање нова можност за ангажирање на професионалните војници во системот за управување со кризи и како обезбедување на критичната инфраструктура, со можност за пензионирање со условите за активен воен персонал, како и зголемување на границата за курс за подофицери до 45 година.

– Прифатено е и барањето на синдикатите отпремнината за професионалните војници да важи и за ПФВ кои не се превземени односно останале во МО. Ние како Независен синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ СО Скопје) го поздравуваме ваквиот начин на соработка и решавање на проблемите, со цел подобрување на правата на припадниците на Армијата, се посочува во соопштението./МИА/

Next Post

Министерството за одбрана ја поздравува одлуката на Независниот синдикат за професионални војници да отстапи од штрајкот

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk