ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Историските времиња налагаат навремени одлуки за отпочнување на долго задоцнетиот пристапен процес веќе во јуни

Верувам дека сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија и да се пресретнат со прифаќање од страна на ЕУ, како заеднички ангажман за посигурна и посилна Европа отпорна да се спротивстави на кое било трето влијание, изјави Османи.

May 25, 2022 12:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Закочените интеграциски процеси за Северна Македонија претставуваат извор на системска ранливост, чии ефекти негативно се прелеваат врз целиот регион. Искрено веруваме, дека ова се историски времиња кои налагаат цврсти и навремени одлуки. Императив е да се отпочне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија сега во јуни, за време на француското претседателство со ЕУ. Кога, ако не сега, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во обраќање на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел“, што е воведен настан на овогодишниот Преспа форум за дијалог, што од 16 до 18 јуни ќе се одржи во Охрид, Османи истакна дека ширењето на трансатлантскиот и западниот поредок заснован на вредности и принципи е во интерес како,на земјите аспирантки за членство, така и на државите членки, но и во интерес на глобалниот мир и соработка.

– Верувам дека сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија и да се пресретнат со прифаќање од страна на ЕУ, како заеднички ангажман за посигурна и посилна Европа отпорна да се спротивстави на кое било трето влијание, изјави Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека и ако ништо не се случи сега, земјава ќе остане посветена на европските реформи, но ќе страда самиот политички моментум, а колебањето и барањето нови иновативни начини како да се задржи „статусот кво“ нема да ги разубеди малигните влијанија, туку токму спротивното и ќе испрати погрешна порака кон останатите држави и граѓани од Западен Балкан.

– Ова не значи дека планираме да го напушиме европскиот пат. Ние сме уверени Европејци, со огромно убедување, со речиси 20 години од постигнувањето на спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, одлични во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат, изјави Османи.

Интеграцијата, посочи Османи, во евроатлантските структури е многу повеќе од гаранциите од Членот 5 од Повелбата на НАТО и достапноста до европските фондови, бидејќи членството во Алијансата и во ЕУ е потврда за вредностите кои земјите ги почитуваат и кон кои се стремат.

Преспанскиот форум за дијалог, посочи Османи, е создаден како платформа за дијалог, дипломатија, компромисот и мирното решавање на недоразбирањата.

– Овие начела, имаат висока употребна вредност. Одовде, во овие клучни времиња за светската историја, ние се залагаме за проширување и зацврстување на поредокот заснован на правила овде во регионот, кој што е олицетворен во НАТО и ЕУ. Силно ја поддржуваме политиката на отворени врати за членство во Алијансата и даваме непоколеблива поддршка за членство на Финска и Шведска во НАТО, со силно уверување дека проширувањето ќе не направи сите нас посилни и пообединети, изјави Османи.

Бараме, нагласи Османи, итно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и повикуваме на преземање на сите напори за унапредување во кандидатски статус за членство во ЕУ на Босна и Херцеговина и Косово и поддржуваме напредок во преговорите за Црна Гора и Србија и посакуваме и работиме за создавање на одржлив и исполнет со содржина однос со Украина, Молдавија и Грузија. /МИА/.

Next Post

Битиќи на состанок со Мелсом: Северна Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk