Русија загуби уште еден висок офицер во Украина – загина пензионираниот генерал на руското воздухопловство Канамат Боташев, чиј авион беше соборен во неделата. Информацијата за неговата смрт за Би-Би-Си Русија ја потврдиле тројца поранешни војници чиј командант бил Боташев, а кои останале во контакт со него и по неговото пензионирање, јавува Слободна Далмација.
Поранешен колега потврдил за Би-би-си дека пензионираниот генерал извршувал воздушни мисии во Украина со борбениот авион Сухој Су-25.
Пред пензионирањето, Боташев бел командант на воздушен полк и тој е највисокиот чин на руски пилот убиен досега во Украина. Тој беше пилот снајперист, а оваа значка во руските воздухопловни сили се доделува на оние пилоти кои имаат највисоко ниво на стручност. Според руското Министерство за одбрана, обуката на таков пилот трае 10-12 години и чини околу 8 милиони долари. Канамат Боташев е роден во 1959 година во Карачај-Черкесија, дипломирал на Високиот воен авијациски институт Јеиск и се квалификувал за пилот на ловци-бомбардери. Тој напредувал од поручник до генерал, а пред да се пензионира командувал во воздушната база на гардата во Воронеж.
The BBC confirmed Ukraine’s claim that retired Russian Major General Kanamat Botashev was shot down, possibly by a Stinger MANPADS, in a Su-25 aircraft near Popasna on Sunday and killed. It appears he was flying for Wagner.https://t.co/JRS3Shcp68 pic.twitter.com/mBvtnpuzcK
— Rob Lee (@RALee85) May 24, 2022
Во неделата, на 22 мај, Генералштабот на вооружените сили на Украина исто така објави дека рускиот јуришен авион Су-25 бил соборен на небото над Луганск и дека пилотот немал време да се катапултира. По веста, Fighterbomber, рускиот Телеграмски канал за воени пилоти, рече дека жали за неименуваниот командант.
– Збогум, командант. Има малку луѓе на оваа планета кои живееле во рајот како тебе. Рајот го зема најдоброто, ве однесе денес – напишаа тие.
„Денеска почина Канамат! Дистрикт Попасна во 8:25… Првиот повик на НАР (ненаведувани воздушни проектили), вториот – Стингер, експлозија во воздух и… тоа е тоа“, беше коментарот во кој беше идентификуван Боташев, а коментарот набрзо беше избришан. Другите членови на форумот продолжија да разговараат за неговата смрт користејќи ги иницијалите KHB.
ELEVEN: UKR sources are reporting that Russian air force Major General Kanamat Huseevich Botashev was killed when his Su-25 was shot down near Popsna. The UKR 80th DShV parachute brigade reported the aircraft was downed with an Igla MANPADS on 22 May. https://t.co/0jCmrVHoyQ pic.twitter.com/8cJzijqhyU
— Chuck Pfarrer (@ChuckPfarrer) May 23, 2022
Како 63-годишниот пензиониран генерал заврши со пилотирање на Су-25 во Украина не е сосема јасно. Поранешните подредени на Боташ му сугерираа дека не може да се држи настрана и да гледа што се случува. Според воениот аналитичар и автор на бројни книги за модерната воена историја, Том Купер, Боташев летал за Вагнерите, пишува Слободна Далмација.
Ј. Ѓ.