ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема лош договор за добар идентитет

May 27, 2022 18:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

А што е важно дали е Договорот со Бугарија лош ако ни е Бранко добар?

Кога тоа би било сигурно.

Како што не е.

Мислам, ова со Бранко.

Имам две или три, начелни забелешки:

Не постои договор со Бугарија кој би бил лош за македонскиот идентитет ако идентитетот е добар.

Можеме да прифатиме сè.

Како и со Сао Томе и Принципе или со Мавританија и Мали.

На ист начин.

Сè е обратно од тоа што го тврди Бранко.

Пред Дипломатскиот совет за домино, не лути се човеку и фанта.

И кафе со многу шеќер.

Целиот тој кош од безвезни цареви, револуционери, будали и хохштаплери, би можеле да го поделиме, да го прогласиме за заеднички или да им го дадеме комплет.

Во замена за пансиони во Сандански.

Тоа што, всушност, го немаме, на начин на кој ние мислиме дека го имаме.

Како што го немаат ниту тие, но, молам, нека да бидеме пореспектабилни кон нивната моќ.

Не мислам дека е тоа пораз, не, напротив, мислам дека тоа е победнички гест.

Цар Самоил, ВМРО, Тодор, Гоце, молам, Бугари кои ние сме ги позајмиле, не без основа, во рамките на нашата конституција.

Но, кој Цезар би сакал да биде бугарски цар.

Калојан, Крум, Борис и слични вампири, да.

Второ, ставот дека ние сме самороден народ и нација кој нема допирни точки со остатокот на светот и особено со своите соседи е тешко имбецилие.

За ентитети како Македонија единствената шанса е еманципацијата од историјата, не негацијата, не утврдувањето, еманципацијата.

Да ја негираш заедничката или испомешана, можеби е тој израз посоодветен, историја со Бугарија, значи или дека си будала или дека си неук или дека живееш во југословенско време, кое, бај д уеј, за мене беше најубавото време.

Трето, блокадата и барањата на Софија не се предизвикани од Договорот, од неговите лоши или добри формулации и решенија, како што ни сугерира бившиот се, млад и неук, но се, во Македонија, едно важно време, туку нивната политичка култура и историско наследство, такво какви што го имаат.

Кое ние, ако сакаме да излеземе од дупката, мораме да го разбереме.

Да се потрудиме да го разбереме.

Дали се разбираме?

Бранко.

Црвенковски брка ефекти, банални фразетини, мрсули што се лепат за екранот, занемарувајќи ја содржината.

Односно не формулира лаги, туку во својот свет формулира вистини кои за нас и за сиот нормален свет се лажни.

Значи, проблемот не е ниту во Софија ниту во Скопје, туку во неговата глава.

Односно во нашата глава.

Во ограничените капацитети да ја спознава, толкува и менува стварноста.

Заедно со нас.

Со мнозинството.

Тоа не значи дека меѓу Скопје и Софија нема проблеми.

Не, не, не.

Клучната работа е пропуштањето на историскиот моментум.

Кога по Бугарија се валкаа главите на послабите во грабежот на државниот имот и во распределба на општествената моќ, кога во опасната транзиција државата висеше на конец, кога симпатичната пијандура Елцин не можеше да излезе од авион и ги штипеше задниците на жените во Кремљ, односно кога Бугарија и Русија беа аут, а Европа во експанзија, Бранко чекаше Љупчо да ја поднесе апликацијата за Европската унија и ги броеше земјите кои нè признале под уставното име. Додека стигна до сто, сто и кусур, Бугарија се оправи и влезе во Европската унија, а Русија застана на нозе и почна да ги пројавува своите мечкини инстинкти.

А Бранко го бутна Бучко и го инсталира Груевски.

Чувствуваш ли некаква одговорност што Македонија не ја доведе, а можеше, во ситуација да ѝ поставува услови на Бугарија?

Да речеме, нема преговори со Софија дури не признаат дека сите Бугари се Македонци.

Особено Хан Крум и Цар Борис.

Не.

Ти ќе речеш: па зошто би им поставувале услови, ние сме фин народ, не се занимаваме со рекети.

Се разбира, но на фонот на денешните случувања тоа прашање мора да се постави.

Зошто сме назад?

Зошто е оставено Заев и Ковачевски да ја преземаат жртвата на напредокот врз себе?

Дали е тоа за да можат лешинари каков што си ти или оној чипиран велеидиот од вмро-дпмне, да водите селски политики, да сплеткарите, да блокирате, да инјектирате глупатропиус во мозоците на луѓето?

А?

Кој кур сакате?

Зошто го хистеризирате народот?

Кој престанува да биде народ со секоја ваша октава горе.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk