ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на трибина по повод 30 години постоење на Македонскиот полициски синдикат

May 28, 2022 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку  односот  и  начинот на остварување и ефикасност на полициските надлежности и овластување со нивната законска поставеност и заштита може да се даде одреден квалитетен суд за капацитетите на едно општество да ја вреднува, негува и надградува  законитоста – како еден од примарните принципи на своето функционирање, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на трибина на тема „Кривично правна и прекршочна заштита на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП”, по повод  30 години постоење на Македонскиот полициски синдикат (МПС).

На трибината присуствуваа претседателот на МПС Марјан Кицев, претседателот на Советот  на Европски полициски синдикати Рикардо Валадас, министерот за правда Никола Тупанчевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Управата за финансова полиција Арафат Муареми, претставници на научната јавност, на  Хелсиншкиот комитет и на Здружението на млади правници.

Спасовски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање пред присутните, порачал дека од витален интерес за едно општество е да се стреми кон што поквалитетен баланс меѓу обезбедувањето  ефикасни  нормативни механизми со кои граѓаните ќе се заштитат од злоупотреби и пречекорување на полициските и други овластувања, со обврската да се обезбеди иста таква заштита на полициските службеници при нивното полициско постапување во согласност со законите.

– Министерството за внатрешни работи преку законите за внатрешни работи и за полиција, како и преку Колективниот договор веќе има воспоставено одредени нормативни принципи кои се во интерес на заштита на правата на работниците во Министерството и во делот на нивна кривично-правна и прекршочна заштита. Покрај ова, родовата перспектива е интегрирана во законите, подзаконските акти и интерните акти на МВР, а новиот Колективен договор, кој стапи во сила од почетокот на оваа година, е прв колективен договор во државната управа кај нас, во кој се употребува родовиот речник и терминологија, што е уште еден показател за напорите на МВР за подигање на степенот на родова рамноправност. Во него се предвидени и низа новини, кои ги усвоивме заедно со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, а со оглед на тоа што доаѓаат од самите полициски службеници, членови на синдикалната организација, уверен сум дека заедно со останатите мерки кои ги спроведуваме, ќе придонесат за подобрување на материјално-социјалните услови на сите вработени, нагласи Спасовски.

На крајот од своето обраќање Спасовски, се вели во соопштението, потенцирал дека реформскиот курс што ова раководство на МВР го одреди на почетокот на мандатот за динамично и сеопфатно подобрување на условите за работа, продолжува со несмалено темпо, овозможувајќи целосно сообразување со стандардите и вредностите на функционирање на модерните полиции во светот.

 

 

извор миа.мк

Next Post

Кина ги ублажува мерките против епидемијата со Ковид-19 во Пекинг

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk