Министерката за одбрана, во свој стил, на обвинувањата кои Ковачки ги објави на ФБ, директно му одговори:
„Внимателно со лажните обвинувања, можете да се „лизнете“ на сопствените лаги. За тврдењата за наводна злоупотреба на буџетски средства и криминал во Армијата и Министерството за одбрана ќе Ви одговорам лично, во Собрание, пред јавноста и нема да бегам од прашања и потпрашања.
Како што најавив на собраниската седница за пратенички прашања, оваа седмица престојувам во работна посета на Вашингтон, и побарав по враќањето да се обратам пред собраниската комисија на која се надевам ќе бидете присутен и ќе го чуете одговорот“ – напиша Министерката за одбрана, Петровска, во одговор на клеветничката објава на Ковачки на социјалните мрежи.
Инаку, Ковачки е познат по своето скандалозно однесување за што во минатото повеќепати бил јавно опоменуван, па и казнуван од Министерството за одбрана, каде што работи.
Со него се поврзани скандали со закани и со злоупотреба на униформата и армискиот чин за партиско-политички цели.
Ковачки беше првиот предлог за „пржински“ министер за внатрешни работи во 2020 година, но беше отфрлен, бидејќи неговата номинација беше противзаконска. Така, Наќе Чулев ја доби привремената „пржинска“ функција.
Д. Е. (редакциски коментар)