Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба ги повика западните земји да и обезбедат на Украина топови од 155 милиметри и повеќекратни ракетни системи за лансирање.
„Ја користам можноста од ова интервју да побарам од Западот да ни испрати што е можно повеќе топови од 155 милиметри и повеќекратните ракетни системи“, изјави Кулеба во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.
Според шефот на дипломатијата, украинските бранители војуваат со трупите на земјата чиј претседател ја мрази Украина, но Украина никогаш нема да се предаде.
„Да добиевме оружје од Западот на време, веќе ќе го ослободивме Херсон и другите области. Ќе дојде време да започнеме контраофанзива. Ние сме во војна со земја која има претседател кој не мрази и не сака да постоиме. Никогаш нема да се предадеме“, рече Кулеба.
Кулеба истакна дека стратегијата на Украина е да ги врати териториите окупирани од Русија и со воени и со дипломатски средства.
„Нашата стратегија е да вратиме сè што можеме со воени средства, а останатото со дипломатски средства. Треба да најдеме рамнотежа помеѓу двата начини“, истакна шефот на украинската дипломатија.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски