Денес, министерот за животна средина и просторно планира Насер Нуредини, присуствуваше на состанокот на високото ниво на Конференцијата на земјите страни (COPs) на Базелска, Ротердамска и Стокхолмска конвенција, тесно поврзан со меѓународниот состанок за животна средина Стокхолм +50.
Под мотото “Глобален договор за здрава Планета: Добро управување со хемикалии и отпад“, сегментот на високото ниво, го адресираше придонесот на трите конвенции во справувањето со тројната планетарна еколошка криза: биолошката загуба, климатските промени и загадувањето.
Министерот Нуредини ја истакна потребата од блиска соработка со сите партнери за зајакнување на контролите и подобрување на управувањето со прекуграничното движење на опасниот отпад.
Главните пораки на министрите учесници, беа адресирани кон можностите за намалувањето на загадувањето, преку имплементацијата на трите конвенции; можностите што ги нуди нивната имплементација за придвижување кон управувањето со животниот циклус на хемикалиите и отпадот и можностите што ги отвара промоцијата на новите и чистите технологии и иновативниот пристап за финансирање.