Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Форумот за безбедност „ГлобСек“ што се одржува во Братислава.
Како што соопшти владината пре-служба, Ковачевски ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.
Панелот може да се следи во живо.
Во рамки на форумот, предвидени се и неколку билатерални средби на премиерот Ковачевски.