ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Русија ќе ја плати целата цена за уништувањето на животите на соседите

June 3, 2022 13:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинци! Украинки! Наши бранители и бранителки! Имаме три сериозни вести. Прво, Европската унија постепено се движи кон имплементација на шестиот пакет санкции. Искрено, ова многу тешко оди. Затоа што суштината на овој пакет санкции е првенствено во нафтата. Светот конечно се откажува од руската нафта. При тоа, други земји, кои произведуваат многу поквалитетна и полесна нафта, се подготвуваат да ги заменат руските залихи. Па така во оваа насока државата агресор губи огромни суми, рече претеседателот на Украина, Володомир Зеленски.

„Се разбира, Русија постојано се обидува да се спротивстави. Таа долго време ужива во протокот на петродолари и не сака да се одвикне на тоа. Но ќе мора. Ќе мора да се навикне на фактот дека многу болно намалување на приходите е неизбежна последица на војната за нејзиниот виновник, за руската држава.

Втората вест е дека САД на различни нивоа потврдија дека кон нашата земја се испраќаат модерни повеќекратни ракетни фрлачи HIMARS. Ова оружје навистина ќе помогне да се спасат животите на нашиот народ и да се заштити нашата земја.

Благодарен сум му на Претседателот Бајден, на сите наши американски пријатели и на народот на САД за нивната поддршка. Ние ги чекаме. Многу.

Очекуваме добри вести за набавка на оружје и од други партнери.

На пример, денес имаме нов пакет одбранбена помош од Шведска. Многу сум му благодарен на раководството на државата.

Работиме на тоа да го доведеме снабдувањето токму со современи борбени системи на многу повисоко ниво.

Трето, се повеќе и повеќе амбасади ги продолжуваат своите полноправни активности во Кијив. Заклучно со денес веќе ги има 50. Ова е многу важно не само практично – за работата на дипломатите, туку и на симболично ниво. Секоја нова амбасада што се враќа во нашиот главен град е доказ за верата во нашата победа. Дека Украина ќе може да ја одбрани својата државност во оваа војна што на нашата земја ја започна Руската Федерација.

Денес беше почната нова и – мислам – многу важна и убава традиција. Отсега, церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на амбасадорите на странските земји кои ги започнуваат своите активности во Украина ќе се одржува не само во Кијив. Туку на територијата на нашата катедрала Света Софија.

И првите амбасадори чии акредитивни писма ги примив како дел од ваквата нова церемонија денес беа амбасадорите на Молдавија, Индија и САД.

Зошто токму таму? Зошто во Софија? Затоа што тоа е и свет, и историски и државен центар на нашиот народ. Прифаќајќи ги таму акредитивните писма на амбасадори, ние демонстрираме кои се Украинците, кои сме ние и ШТО стои зад нас. Со ова ја изразуваме нашата највисока почит кон претставниците на другите народи. Ние им се отвораме. И во исто време покажуваме дека од нив очекуваме иста почит, иста искреност кон украинскиот народ, кон нашите интереси и кон нашата историја.

Веднаш по церемонијата разговарав со новите амбасадори. Впечатоците се пријатни. Се надевам на продуктивна работа.

Денес имав две важни обраќања: до Парламентот на Луксембург и до учесниците на Безбедносниот форум во Братислава, на кој присуствуваа Претседателката на Словачка Зузана Чапутова, Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други пријатели и партнери на нашата земја.

Се разбира, клучната задача – како и досега – е да се акумулира максимална поддршка за Украина. Одбранбена пред се, финансиска, и секако политичка. Речиси секое обраќање води до зголемена помош за нашата држава.

Многу е важно што сега – за неколку недели – го очекуваме одговорот на Европската унија за прашањето за кандидатскиот статус за Украина. Ние многу го очекуваме.

И јас сум им благодарен на сите што веќе се изјаснија за поддршка на нашата држава, за поддршка на кандидатурата. Вклучително и како одговор на моите прашања во обраќањата до парламентите на различни земји, форуми, студентски и експертски заедници, луѓе на плоштадите во различни европски градови кои се собраа за поддршка на Украина, за поддршка на нашиот народ.

Мораме да разбереме дека Русија сега ги мобилизираше сите свои сили за да го спречи европското движење на Украина. И секоја алатка – особено јавните дискусии и апели – мора да биде целосно вклучена.

Ситуацијата во Донбас не е значително променета за еден ден. Имаме одреден успех во битките во Северодонецк. Но, рано е да се каже. Таму сега е најтешко. Како и во градовите и заедниците во близина – Лисичанск, Бахмут и други. Многу градови каде што има таков моќен напад од Русија.

Руската армија ги користи сите свои вооружени можности и воопшто не ги брои луѓето. Особено е цинично што во првата линија на напади окупаторите често ги користат токму оние луѓе кои биле регрутирани во нивната војска на претходно окупираната територија на Донецката и Луганската област. Руските војници често едноставно се кријат зад овие таканаречени „мобилизирани“.

Колку подолго трае војната, толку погрдни, срамни и цинични работи Русија засекогаш ќе ги запише во својата историја.

Апсолутно бесмисленото гранатирање од руската територија на нашите погранични северни области, вклучително Чернигивската област, продолжува. Имаше протести низ Миколајив, низ Харкив, низ Харкивската област. Целата привремено окупирана територија на нашата држава сега е зона на континуирана катастрофа, за која Русија е целосно одговорна.

Веќе почнавме да работиме на нови пакети санкции против Русија. Чекор по чекор, ќе направиме така руската држава едноставно да остане без сите елементи на модерната економија. Окупаторите ќе ја платат целата цена за уништувањето на животите на соседите. И ниту едно лоби во ниту една земја од страна на Русија нема да помогне.

Денес потпишав нов указ за доделување награди на нашите бранители, нашите херои. На 223 учесници во воените дејствија им беа доделени државни награди, од кои 72 постхумно.

Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина!

Вечна слава на секој наш херој!

Слава на Украина!“, изјави Зеленски во обраќањето.

Next Post

Заедничка изјава на Северна Македонија и САД за почетокот на Стратешкиот дијалог: Силно сме фокусирани на продлабочување на билатерално партнерство

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk