Во регионот на Кијив беа ексхумирани телата на повеќе од 1.300 цивили убиени од руските напаѓачи, а идентитетот на повеќе од 200 луѓе останува непознат.
„Украинците застрелани и мачени од Русите сè уште се наоѓаат во регионот на Кијив. До сега се ексхумирани повеќе од 1.300 тела на цивили“, објави Министерството за внатрешни работи на Украина на Фејсбук.
По извршените истражни дејствија на погребот, телата на жртвите се испратени во мртовечница за вештачење.
Според Министерството за внатрешни работи, повеќе од 200 тела сè уште не се идентификувани.
Како што е соопштено, повеќе од 10 масовни гробници се пронајдени во регионот на Киjив, но овие податоци не се конечни.
J. Ѓ.