Руските трупи пукаа врз 22 населени места во регионите Доњецк и Луганск во последните 24 часа, при што загинаа осум цивили, објави на Фејсбук прес-службата на оперативните сили на здружените сили на Украина.
„Во текот на изминатите 24 часа, на 5 јуни, руските војници пукаа врз 22 населени места во регионите Доњецк и Луганск. Привилија, Новодружеск, Билохоривка, Золоте, Хирске, Комишуваха, Тошкивка, Врувивка, Сиротин, Миколаивка, Метиолкине (регион Луганск)“, се вели во соопштението.
Најмалку осум цивили загинаа, а четворица се ранети од непријателско гранатирање. Руските војници уништија и оштетија 56 цивилни објекти, меѓу кои и 40 станбени згради. Спасувачите евакуираа 1.491 лице од областите на воените дејствија, пренесува Укринформ.
На 5 јуни, украинските бранители одбија седум руски напади во регионите Доњецк и Луганск, уништувајќи четири тенкови, три артилериски системи, осум оклопни борбени возила и три други возила. Единиците за противвоздушна одбрана соборија борбен хеликоптер Ка-52 и беспилотно летало, информираат укераинските власти.
Ј. Ѓ.







