Уште апокалиптични предвидувања и нуклеарни закани на руската државна телевизија. Некои од пропагандистите на Кремљ тврдат дека светот се спушта во нуклеарна бездна, но Русите треба да бидат среќни поради тоа. Дали пукаат под притисок? Видео снимката од емисијата „Вечер со Владимир Соловјев“ ја објави Џулија Дејвис која ги мониторира руските медиуми под влијание на Кремљ.
„(Соловјев смеејќи се задоволно) Да не умираа луѓе, ова ќе беше најсмешната комедија. Сè е добро, освен фактот што се движиме до една тaква ескалација, ги испишуваме крвавите страници на светската историја. Тои што велат дека нема рестрикции коишто го прекшуваат НАТО-Рускиот Акт, ние ќе правиме што сакаме, каде што сакаме. Ма пробајте, само пробајте! Се надевам дека ќе го преживееме ова. Ако сè се развива како што се развива во моментов, ќе преживеат само неколку мутатни во Бајкалското Езеро. Сè друго ќе биде уништено во масивен нуклеарен напад. А сè води натаму, независно од тоа кој што сака. Зошто ако НАТО реши дека може да распоредува војници на нашите граници и Американците да испраќаат оружје на Украина, Украина ќе нападне и ќе погоди некоја наша нуклеарна станица. И тоа е. Наскоро сè ќе излезе од контрола. Секој ќе добие малку повеќе од тоа што побарал. БЕНГ!!! И ништо нема да остане“, изјави водителот на емисијата, Владимир Соловјев.
На изјавата за нуклеарен напад се надоврза и Виталиј Третјаков, руски политички аналитичар.
„Јас ќе се задржам на „БЕНГ“ на кратко. Ние треба да сме среќни, освен можеби младите коишто не се согласуваат со оваа дефиниција за среќа. Ние конечно стигнавме, ова е нашата последна и решавачка битка“, рече Третјаков.
И уредничката на Раша Тудеј, Маргарита Симонјан, која е редовна соговорничка кај Соловјев, изјави дека „никој не треба да ги заборави лекциите од минатото“.
„Јас не гледам причина за среќа, но не гледам никаков друг избор освен тоа. Ако на Украина и биде дадено такво оружје коешто може да стигне на наша територија, иако они ветија дека нема да го направат тоа. Ма дај, немој да ме смеете. Ние живееме со нив многу години, ние најдобро знаеме што ќе се случи. Но, ќе бидеме принудени да одговориме, затоа што нашите луѓе не би разбрале зошто не сме возрватиле. А и нашиот претседател Путин не е човек кој би го трпел тоа. Застрашувачка ескалација е пред нас. Тие повторно нè провоцираат, заборавајќи ги лекциите од историјата дека нас не треба да нè предизвикуваш. Можеш да боцнеш мечка којашто е во хибернација (спие) со гранка, ама кога ќе се разбуди мечката ќе биде „Леле, леле“, изјави Симонјан.
Обработка: И. Т. Зафировска