ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник

Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина.

June 14, 2022 08:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ненси Кремптон – Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен.

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година.

Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина.

Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон – Брофи не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари.

Обвинетата при сведочењето изјави дека финансиски била подобра додека нејзиниот сопруг бил жив. Фактот што нејзиниот миниван е виден близу училиштето, таа го препишува на коинциденција.

Се верува дека авторката го следела сопругот на работа и пукала во него со пиштол „глок“. Крептон – Брофи исто така имала и делови за „пиштол дух“, нерегистрирано оружје што не може да се следи.

Авторката се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга.

-Тоа беше за пишувањето, а не, како што верувате, за да го убијам мојот сопруг, појасни Крептон – Брофи.

Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „Како да го убиеш твојот сопруг“.

„Бидејќи пишувам дела со содржина што спаѓа во романтична неизвесност, поминувам доста време мислејќи за убиство и следствено, за полициската процедура“, започнува текстот.

Есејот е поделен на делови со детали за добрите и лошите страни на убиство на злобен сопруг./MИА/.

Next Post
фото: dailysabah.com

Во поплавите во Анкара досега загинаа четири лица

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk