ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Џафери до Радман: Неуспехот од добивање датум за отпочнување на преговорите ќе биде неуспех и за ЕУ

June 15, 2022 15:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите со Бугарија се водат со искрена волја за решавање на билатералните прашања и се надеваме на придвижување во евроинтегацискиот процес, но неуспехот од добивање датум за отпочнување на преговорите ќе биде неуспех и за Европската Унија, порача претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска на средбата со Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни работи на Република Хрватска, кој е во дводневна официјална посета на земјава.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, посакувајќи му добредојде на високиот претставник на државата со која не врзуваат пријателство и традиционално добри политички, економски и културни врски, Џафери изрази благодарност за безрезервната поддршка на Република Хрватска за европската интеграција на државите од Западен Балкан.

Тој информираше дека во време кога континентот се соочува со предизвици, Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ постигна целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на Унијата во однос на санкциите кон Русија поради инвазијата на Украина.

-Во однос на евроинтеграцискиот процес истакна дека разговорите со Бугарија од наша страна се водат со искрена волја за доближување, за соработка и градење доверба во решавањето на билатералните прашања, и во таа насока се надеваме на придвижување, но дека неуспехот од добивање датум за отпочнување на преговорите ќе биде неуспех и за Европската Унија. Во однос на билатералната соработка со Хрватскиот Сабор, Џафери нагласи дека Собранието, во сите мандати досега формира пратеничка група за соработка со Хрватскиот парламент со што ја покажува спремноста и посветеноста да оствари поблиска меѓупарламентарна соработка и на тој начин да придонесе за понатамошно зајакнување на постојните пријателски врски помеѓу двете држави и народи, се посочува во соопштението.

Министерот Радман, пак, се осврна на евроинтеграциите и истакна дека во интерес на Унијата е да започнат преговорите со Република Северна Македонија и со Република Албанија и дека тоа ќе има големо позитивно влијание во целиот регион. Изрази жалење што на тоа се чека толку долго. Тој ја повтори поддршката на Република Хрватска за проширувањето и потсети на заложбите во таа насока за време на хрватското претседателство со ЕУ, а го пофали и високиот степен на усогласеност на домашното законодавство со она на ЕУ.

Радман, се додава, информираше и за спремноста на Република Хрватска за приклучувањето кон еврозоната и воведувањето на еврото на почетокот на следната година.

Соговорниците разменија мислења и за Берлинскиот процес и за иницијативата „Отворен Балкан“ како заложби за дополнително зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и стоки, стои во соопштението.

Next Post

Бектеши: Од денеска треба да има намалување на цените на основните прехранбени производи

Shortcut

Најново

Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk