ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Советот на ЕУ бара дополнителни активности за заштита на новинарите

June 21, 2022 20:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Европската унија, со оглед на зголемените закани за новинарите, а со тоа и пречките за слободата на изразување и информирање, денеска донесе заклучоци за заштита и безбедност на новинарите и медиумските професионалци, јавува МИА.

Членките на ЕУ ја повикуваат Европската комисија да го зголеми финансирањето на независното и истражувачко новинарство и да обезбеди онлајн безбедност и слобода на говор за новинарите и другите медиумски професионалци во сите релевантни иницијативи кои ја следат дигиталната стратегија на ЕУ.

Како што се наведува во соопштението, Советот признава дека многу новинари и други медиумски професионалци не можат секогаш да работат слободно и независно.

Според извештајот на Советот на Европа, бројот на предупредувања за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа е речиси двојно зголемен од 2016 година. Во 2021 година имало 282 такви предупредувања.

„Со заканите за нивната безбедност, економската состојба на новинарите и другите медиумски професионалци станува се потешка. Дигиталната трансформација, затворањето на медиумите и последиците од пандемијата ја влошија економската несигурност на новинарите, се вели во соопштението.

Во своите заклучоци, Советот ги повикува членовите и Комисијата, меѓу другото, да го охрабрат доживотното учење на менаџерите на редакциите, органите за спроведување на законот, судиите и другите засегнати страни за заштита на новинарите и медиумските професионалци.

Тие понатаму ги повикуваат да бидат посветени на работата за заштита на новинарите и другите медиумски професионалци ширум светот на релевантни мултилатерални форуми, билатерални односи и меѓународни иницијативи.

Комисијата и нејзините членови се исто така поканети да поддржат (на пр. преку професионална, финансиска, социјална и правна помош) независни и новинари кои ја напуштиле својата земја, особено од земји како Украина, Белорусија и Руската Федерација.

Next Post

Коциќ: Секој покрив станува електрана, го зголемуваме домашното производство на електрична енергија

Shortcut

Најново

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk