ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нуредини: Бизнисите мора и треба да бидат водечки во енергетската транзиција во регионот

June 22, 2022 13:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници од владиниот, граѓанскиот, академскиот и приватниот сектор од регионот на Западен Балкан денеска дебатираа за можностите како бизнисот да се најде во првите редови на енергетската транзиција. Тркалезната  маса на тема „Можностите и предизвиците за бизнис секторот од воведување механизми за оданочување на јаглеродот во регионот на Западен Балкан” се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe) и Центарот за истражување и информирање за животната средина – Екосвест.

Со оглед на потребата од брза климатска акција и декарбонизација на деловниот сектор, со оваа тркалезна маса се обезбеди платформа за препознавање на неговата клучна улога во енергетската транзиција на Западен Балкан и значењето за неговото рано вклучување во креирањето на соодветните политики, информираат од МЖСПП.

– Активното и навремено вклучување на бизнисите, а особено енергетски интензивните и енергетско производствените, во остварувањето на целите за декарбонизација како чекор напред кон постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година, не само што е корисно за општеството, туку може да биде и економски исплатлив, рече  министерот Насер Нуредини, поканувајќи го бизнис секторот да ги сподели добрите искуства и главните поттикнувачки мерки како преминот кон позелени индустриски пристапи да се изведе на најефективен, праведен и успешен начин во регионот.

На дискусијата беа разгледани деловните можности и предизвици на енергетската транзиција, можните добри прилики и ефекти од оданочувањето на јаглеродот, како и потребата за подготовка на приватниот сектор за одговарање на обврските поврзани со климатските цели за 2030, Патоказот за декарбонизацијата на Енергетската заедница, Софиската декларација за Западниот Балкан и ЕУ механизмот за гранично прилагодување на емисиите на јаглеродот.

Со свои излагања се вклучија претставници на водечки компании од енергетскиот и другите јаглеродно-интензивни индустриски сектори од Западен Балкан., претставници од Црна Гора, од домашните компании Цементара УСЈЕ, Титан Скопје, Макстил, но и од научната фела што учествуваше во анализите и израбoтката на можните сценарија, како и при моделирање и креирање на националните политики и климатски цели.

– Патеките кон постигнување на целите за климатска неутралност мора да бидат сеопфатни и правични. Во постигнувањето на овие цели, императив е секоја засегната страна да преземе одговорност за своите постапки, вклучително и индустриите интензивни за јаглерод. Рана транзиција кон решенија без фосили, не се само можност за ублажување на климатските промени, туку се и можност за економијата преку адаптирање и прилагодување на бизнис моделите да го минимализира влијанието на транзицијата и да обезбеди долгорочна одржливост, порачаа организаторите./МИА/

Next Post

Жител на Прилеп осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk