ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите

June 22, 2022 15:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска присутвуваше на настан организиран од УН агенциите во земјава, каде водено беше презентирана „Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија-2021“, и беше  претставена заедничката програма на ОН „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Минситерката Тренчевска во своето обраќање даде осврт на  досегашните постигнувања и предизвиците на лицата со попреченост во нашата држава. Таа информираше дека, покрај Стратегијата за Деинституционализација, Владата на РСМ заедно со Министерството за труд и социјална политика веќе отпочна процес на развој на Национална стратегија за попреченост во која учествуваат и се дел од  работната група различни институции кои што имаат надлежност за лицата со попреченост и претставници на граѓанските организации. Целта е носење на национална стратегија за попреченост која што во иднина дополнително ќе ги унапреди правата на лицата со попреченост.

Таа се осврна на воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата, каде се јавуваат  јавни и приватни даватели на услугите, како и дека досега се лиценцирани над 60 приватни даватели на социјални услуги, од кои најголемиот дел се финансираат од буџетот МТСП.

„Во владина процедура е третиот Акцискиот план за деинституционализација, а се  интензивира преселбата на корисниците од социјалните институции. Скоро 65% од корисниците во Специјалниот Завод во Демир Капија се преселени преку таквите социјални услуги за живеење со поддршка кај јавни и приватни даватели на социјални услуги.  Истовремено, во  подготовка е и  проект за темелна реконструкција и модернизација на Заводот Скопје (Топанско Поле) кој е замислен да биде Центар за социјални услуги,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека моментално функционираат 36 дневни центри за деца и лица со попреченост на територија на целата држава, кои треба да се реформираат – да прераснат во даватели на современи индивидуални услуги, а не да обезбедуваат само „дневен престој“. Притоа, ја потенцираше важноста да се работи на развивање на вештини на оние кои што ја користат услугата. Посочи и дека, децата и да возрасните да се „одвојат“, затоа што работата со децата бара специфичност и центрите треба да работат токму на оспособување на децата за нивна поголема активност понатаму во животот.

Министерката рече дека воведувањето на МКФ ќе го олесни воведувањето регистар на лицата со попреченост. Нешто што е неопходност во државата и нешто на кое што институциите и граѓанските организации го работат заедно.

„Унапредувањето на инклузивноста на детските градинки е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика во областа на детската заштита. Нешто на кое што посветено работиме почитувајќи ги сите меѓународни стандарди за градинките со лицата со попреченост но и работа со вработените во градинките за зајакнување на нивните капацитети при работа со лицата со попреченост. Сите нови градински отворени низ земјава во 2021 година се целосно физички пристапни, а сите проекти за изградба или темелна реконструкција на детските градинки низ земјава вклучуваат обезбедување физичка пристапност,“ рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за измените на Законот за заштита на децата, со кои, меѓу другото, се предвидува децата со попреченост да имаат приоритетно право на упис во јавните детски градинки, како и зголемувањето на паричните надоместоци за правото на посебен додаток за 15%, ослободувањето од партиципација за деца со попреченост од 26 годишна возраст, како и намалувањето на возрасната граница за користење на траен надоместок на 60 години за жени односно 62 за мажи.

Во подготовка е и нов Закон за вработување на лицата со попреченост за кој ќе се организира јавна дебата со претставници на ќе бидат вклучени сите се со цел добивање на закон кој што ќе одговара на потребите на лицата со попреченост.

Министерката истакна дека наодите од анализите  како денешната,  ќе бидат патоказ за креирање на идните политики не само на МТСП туку и на сите релевантни институции кои работат на проблемот со лицата со попреченост.

Next Post

Генерал Кивинен: Финска со децении се подготвува за руски напад

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk