ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Северна Македонија, Грција и Албанија заеднички ќе се грижат за Преспанско езеро

June 23, 2022 13:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, Грција и Албанија конечно ја започнуваат заедничката грижа за Преспанското езеро и ќе работат на унапредување на целиот регион. Денеска се одржува иницијалниот состанок на комитетот на управувачкото тело на Преспа парк и на работната група за управување со водите во информативниот центар Пили во Грција крај брегот на малото Преспанско Езеро.

Како што информираат од Македонското еколошко друштво, организација која долги години работи на различни проекти и истражувања поврзани со Преспанско езеро, за време на состанокот за прв пат по стапувањето на сила на Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа ќе се сретнат претставници од Европската Комисија, трите земји кои го делат езерото, локални власти, невладини организации и управувачките тела за заштитените подрачја.

„23 јуни 2022 година е историски ден за Преспа! Конечно и формално започнува заедничката работа на сите три држави кои го делат езерото и ЕУ за зачувување и унапредување на регионот“, велат од МЕД и посочуваат дека тие, заедно со Општината Ресен и Националниот парк „Галичица“ соработуваат повеќе од 20 години и ја поддржуваат формализацијата на прекуграничната соработка.

„Договорот беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на министрите за животна средина на трите земји и комесарот за животната средина на ЕУ, но Грција го одложуваше ратификувањето во последниве седум години. Денеска ја споделуваме радоста со нашите колеги од Грција и Албанија, а најмногу со населението од Преспа кое конечно ќе може да се потпре на заедничко меѓународно тело да донесува издржани одлуки за одржливата иднина на регионот“, велат од МЕД.

Комитетот за управување со паркот Преспа е тековна, постојана шема за заедничко донесување на одлуки. Овој состанок на комитетот е првиот чекор на патот кон значајна соработка во регионот и целта да се зачуваат богатите природни ресурси и да се обезбеди одржлив развој за идните генерации.

Извор: МЕТА

Next Post

Рама од Брисел: Дали уште го чекаме Годо? НЕ! Навикнати сме на оваа шарада

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk