ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

June 23, 2022 17:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден ги доби мноштвото од гласовите, а резултатот подоцна беше верификуван од американскиот конгрес. Бајден беше инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари 2021 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека 46 од 50 држави ги преброиле гласовите во САД и потврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава на претседателските избори.

Медиумите не кажаа ништо за ова и продолжуваат да го игнорираат, заклучува авторот на постот.

Меѓутоа, не е вистина дека Бајден изгубил во 46 држави на претседателските избори во 2020.

Ваквата дезинформација фигурира во постот што го рецензираме и покрај тоа што Бајден е официјално инаугуриран за претседател на САД. Во постот се насетува стариот наратив на Трамп, според кој за неговото губење на претседателските избори, виновна е изборна измама, што не е вистина.

Бајден ги доби мноштвото од гласовите, а резултатот подоцна беше верификуван од американскиот конгрес. Бајден беше инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари 2021 година.
Пребројувања на гласовите, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, беа спроведени во Висконсин, Аризона и Тексас, како и во Џорџија.

 

Во Аризона, победата на Бајден во Марикопа Каунти најнаселената општина во државата и критична територија, беше потврдена со рачно пребројување на гласовите и повеќе направени тестови за точност после гласањето, форсирани од страна на Републиканците.

Во Дејн Каунти и Милвоки Каунти, двете најголеми единици во Висконсин, исто така имаше пребројување на гласовите и потврдено беше дека Бајден го победил Трамп за повеќе од 20 илјади гласови.

Трамп победи во Тексас, но на 20 септември 2020 година но побара пребројување на гласовите во четирите најнаселени каунтија во Тексас, а тоа се Харис, Далас, Таант и Колин.

До 31 декември 2021 година, локални медиуми известија дека резултатите од пребројувањето не резултирале со значајни разлики.

Џорџија исто така спроведе три пребројувања на гласачките ливчиња од претседателските избори кои потврдија дека Бајден е победник.

Пенсилванија, исто така, спроведе инспекција од резултатите од изборите што се одржаа во ноември 2020 година и утврдено е дека Трамп загубил од Бајден за 81 илјади гласови.

По изборите во 2020 година, поранешниот претседател Доналд Трамп, и некои републиканци, одново и одново бараа да се пребројат гласовите обвинувајќи за изборна измама, извести тогаш „Гардијан“.

Според „Асошиејтед Прес“, серија на проверки биле направени и во Марикопа во Аризона и крајниот Извештај од март 2022 година покажал дека нема докази за измама во општината.

Бајден победи со 306 гласови споредено со 232 на Трамп според „Њујорк Тајмс“.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава. Дополнително, пребројувања од претседателските избори во 2020 година, не беа спроведени во 46 држави, како што се тврди во постот што го рецензираме. Бајден е претседател на САД избран на регуларни избори.
Next Post

Спасовски: Дигитализација на работните процеси и на начинот за евидентирање и следење на оружјето

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk