ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје – Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола

June 28, 2022 13:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Собранието вчера даде „зелено светло“ за двата закона за државна гаранција, кои беа изготвени од Министерството за финансии. Средствата, како што наведува МФ, ќе станат достапни по потпишување на договорите од страна на ЕБОР, ЈП за државни патишта, Електрани на Северна Македонија и Министерството за финансии.

-Министерот за финансии Фатмир Бесими неодамна истакна дека изградбата на овие проекти е од исклучително значење за развојот на државата. Со изградбата на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10.5 километри значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување и ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.Проектот ќе го имплементира ЈПДП и ќе се финансира со средства од ЕБОР во износ од 167,6 милиони евра, инвестициски грант од ВБИФ во износ од 20,82 милиони евра и грант за техничка помош од ВБИФ (техничка поддршка за имплементација на проектот и надзор) во износ од 5,68 милиони евра. Дополнително, ЕБОР доделува грант во износ од 0,35 милиони евра за изработка на е-мобилити национална стратегија и акциски план за патна инфраструктура, информира МФ.

Според МФ, во услови на енергетска криза од исклучително значење е реализацијата на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со 20 MW, чиј имплементатор ќе биде ЕСМ.

-Оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони, кадешто е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани. Основната цел на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици е да помогне во постигнувањето на европските норми за емисии на стаклении гасови, како и во исполнувањето на еколошките цели и заложби на Република Северна Македонија. Истиот ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите, рече Бесими, образложувајќи го законот во Собранието.

Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, со грантот од ВБИФ во износ од 5 милиони евра и со сопствени средства во износ од 0,7 милиони евра. /MИА/. 

Next Post

Високи температури до крајот на неделава

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk