ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Русија стана најголемата терористичка организација во светот и тоа мора да биде правен факт

June 28, 2022 10:24
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ова обраќање е без поздрав. Денешниот руски напад врз трговскиот центар во Кременчук е еден од најдрските терористички акти во европската историја. Мирен град, обичен трговски центар, внатре – жени, деца, обични цивили… Пред објавувањето на воздушната тревога таму имаше околу илјада луѓе. За среќа, колку што знаеме во овој момент, многу луѓе успеале да излезат. Нив успеаја да ги извлечат. Но, внатре сè уште имаше луѓе: работници, некои посетители …рече во најновото обраќање украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Само апсолутно луди терористи, за кои не би требало да има место на земјата, можат да извршат ракетен напад врз таков објект. И ова не е погрешно погодено од ракети, ова е пресметан руски удар – токму во овој трговски центар.

Засега не е можно да се утврди бројот на жртвите. Пожар избувна на површина од повеќе од 10 илјади квадратни метри. Акцијата за спасување продолжува, но мора да бидеме свесни дека загубите можат да бидат значителни. До сега извесно е за 12 загинати лица, а 24 се повредени. Колку луѓе има под урнатините – утврдуваме.

На сите повредени ќе им се пружи сета неопходна помош – лекарите од Кијив веќе заминаа во Кременчук. Министерот за внатрешни работи е на местото на настанот и ќе ги координира сите потребни активности.

Моето сочувство до семејството и пријателите на загинатите во овој страшен терористички напад.

И ги замолувам сите – секогаш кога ќе ја слушнете сирената на воздушниот аларм, одете во засолниште. Задолжително. Не игнорирајте. Русија нема да застане на ништо.

Утрово се обратив до САД да ја признаат Русија како држава која го спонзорира тероризмот. Соодветната резолуција е одобрена од Комисијата на американскиот Сенат, а правна одлука може да биде утврдена и од Стејт департментот. А таквата одлука е очигледно потребна и истата мора да биде поддржана од целиот демократски свет. Ова им го кажав на учесниците на самитот на Г7, кој се одржа во Германија.

Заклучно со денес, Русија употреби речиси 2.800 различни крстаречки ракети против Украина. Едноставно не може да се изброи бројот на воздушни бомби и ракетни гранати што ги напаѓаат нашите градови. Ги имаше стотици илјади во текот на четирите месеци од војната. Ова не е ништо друго освен терор.

Денес се случи уште едно брутално гранатирање на Харкив и северна Салтивка. Во моментов се знае дека загинале пет лица, а повеќе од 30 се повредени, од кои пет се деца. Сите се мирни луѓе, ниеден војник.

Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И ова мора да биде правен факт. И секој во светот треба да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, одржувањето контакт со руските банки, плаќањето даноци и давачки на руската држава е давање пари на терористите.

Реков и денес, обраќајќи им се на лидерите на Г7, дека нашиот заеднички потенцијал е апсолутно доволен за да ја победиме руската армија – таа не знае да се бори. Сите операции што ги спроведуваме за деокупирање на нашите територии покажуваат едно: окупаторите се слеваат кога имаат на што да извршат притисок. Тие не знаат како да се спротивстават. Способни се само за такви подли удари какви што беа денес во Кременчук или во Салтивка, само за целосно непромислено уништување на сите живи суштества, како во Мариупол. Затоа, војната може да не се одолговлекува, ако навистина можеме сите заедно да извршиме притисок и да ги истуркаме окупаторите од нашата украинска земја. Колку побрзо тоа се случи, толку повеќе животи ќе бидат спасени.

Уште пред почетокот на војната од големи размери, им кажувавме на нашите партнери дека ни е потребна модерна ракетна одбрана. Ова се повторуваше и по 24 февруари. Луѓето во трговскиот центар Кременчук заслужуваа безбедност исто како и луѓето во кој било трговски центар во светот – некаде во Филаделфија или Тел Авив или во шопинг галерија некаде во Дрезден. Светот може, и затоа мора да го запре рускиот терор. И сега можам да го кажам ова – слушнав од нашите партнери: Украина мора да добие сигурна противракетна одбрана, чекаме набавка на соодветни системи.

И уште еден важен резултат на Г7, кој вреди да се спомене токму сега. Ова е веќе официјално договорено: најмоќните демократии во светот ќе ја поддржат нашата држава онолку колку што е потребно за нашата победа.

Украина не може да се скрши! Никогаш.

Слава на Украина!“, рече Зеленски.

 

Next Post
Џабир Дерала

Со збор ништо не знаат да решат. Секогаш кога на ред се прашања од суштинско значење за државата, во Собранието има тепачка.

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk