Во спомен куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево вечер во 19:30 часот ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше. Млади таленти ќе ги интерпретираат песните на Тоше Проески.
Организатор на манифестацијата е „Play Without Boundaires“, а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во земјава.
– 29-ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“, информираат организаторите./МИА/