ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество

June 29, 2022 11:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска ја истакна важноста и приоритетот на Владата и Министерството за труд и социјална политика кога станува збор унапредувањето на детската заштита.

Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која започна на почетокот на месец јуни, има за цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека кампањите се еден од најефикасните начини да се допре до сите чинители во државата со цел да се информираат и поттикнат потенцијалните згрижувачи и да се обезбеди топол дом за децата на кои тоа им недостига.

Министерката се осврна на долгогодишниот партнер на Министерството за труд и социјална политика ПУ СОС Детско село кој има воспоставено Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамките на установата.

„Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на ПУ СОС Детско село е трет ваков центар во државата, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври„- Скопје и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во моментот во државата има 350 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 600 корисници“ изјави Тренчевска.

На крајот Тренчевска ги повика сите граѓани, кои ги исполнуваат условите за згрижувачко семејство, да се пријават и овозможат двојна среќа и топол дом./МИА/

Next Post

Џафери: Не го оправдувам однесувањето на Арбер Адеми, но немилиот настан е испровоциран

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk