ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимовски тврди дека за 98,8 отсто од домаќинствата струјата ќе поскапи во просек за 7,4 отсто

June 30, 2022 13:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска уште еднаш повтори дека просечната цена на струјата за 98,8 проценти од домаќинствата ќе се зголеми за 7,4 проценти, а само оние 1,2 отсто кои трошат енормно, ќе плаќаат енормно.

– РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливи категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави Беслимовски, одоговрајќи на новинарско прашање на денешниот МЕФ Македонски енергетски форум 2022 што се одржува во Охрид.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

– Во однос на читањето на броилата граѓаните да бидат сигурни дека на никој нема да му одговара да се одолговлекува читањето на броилото. Значи, првиот блок е 210 киловатчасови за пресметковен период од 30 дена. Доколку операторот на мрежата бил неодговорен и го прочитал броилото не за 30 туку за 300 денови за тој потрошувач првиот блок ќе биде 300 дена по 7 киловатчасови на дневно ниво ќе биде 2.100 киловатчасови. На граѓаните ќе им одговара дури и да не се чита толку редовно бидејќи блокот ќе се зголемува. Затоа ви кажувам, за 300 дена ако не се прочита броилото првиот блок не е 210 киловатчасови, туку е 2.100 киловатчасови. Значи, направен е концепт којшто постојано ќе прави притисок врз ЕВН да ги отчитуваат броилата. Колку се зголемува времето на отчитување толку секој блок се зголемува за тие денови, посочи Бислимовски.

РКЕ, според Бислимовски е назависно, и затоа очекува дека опозицијата нема постојано да врши притисок врз неа.

Тој очекува да нема криза ниту во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

– Во однос на нафтата ние сме стопроцентно увозна земја, 80-90 проценти ги увезуваме од Грција и според оние сознанија кои ги имаме, нема проблеми во Грција во однос на производството на сите нафтени деривати. За жал, на тие работи ние како држава не можеме да влијаеме. Сигурен сум дека ќе се направи се да нема енергетска криза во однос на снабдувањето со нафтените деривати, рече првиот човек на РКЕ./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk