ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик

July 1, 2022 15:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ.

Ова е предлог којшто ќе оди во Собранието согласно со уставното уредување на нашата држава, односно  го одобрува Владата, го разгледува Собранието. Ние како држава сме се определиле дека стратешка цел на сите нас е членство во ЕУ, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Не сакаше да ги коментира  пишувањата на бугарските медиуми, но рече дека „суштината е дека бугарското Собрание во изминатиот период донесе нова Резолуција со која што практично ја анулираше резолуцијата која беше исклучително рестриктивна во однос на кревањето на ветото и тоа е нешто што овозможи да дојдеме до овој предлог“.

За тоа дали ќе се стаса до консезус или некоја од партиите нема да го прифати овој предлог, Ковачевски смета дека обврска на секој политичар во државата е да мисли за генерациите напред, не да мисли само на својата политичка кариера и на својот изборен резултат.

Јас во неколку наврати сум кажал дека лидерски концепт во политика значи кога треба да кажете не, како што јас кога отидов во Брисел поддржан од целата коалиција и од претседателот на државата и од граѓаните кажав „не“ за нешто што сметавме дека не е добро. Продолживме со разговорот. Дојдовме до решение кое што денеска го разговараме, рече премиерот.

Сите политички партии, според Ковачевски, треба консензуално да се борат за подобра иднина на државата. 

Ние не смееме да бидеме држава која што не сака да се интегрира. Може човек да одлучи сам да биде изолиран, да остане сам за себе изолиран, може да одлучи политичка партија сама за себе да остане изолирана, меѓутоа не смее да дозволи државата и граѓаните да бидат изолирани. Оваа држава Република Северна Македонија со сите свои граѓани се наоѓа во срцето на ЕУ. Ние станавме членка на НАТО благодарение на мнозинството на граѓани и на мнозинството на политички партии коишто и денес се тука – истите политички партии, истакна Ковачевски. 

Тој ги повика партиите вклучувајќи ги оние кои беа против влез во НАТО да разговараат, да се погледне предлогот и заедно да биде донесена одлуката дека државата ќе оди во насока на влегување во ЕУ бидејќи со носење на правилна одлука ние започнуваме со првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Во однос на т.н. првичен предлог којшто практично беа идеи и нацрти во однос на тоа како би изгледал, забелешки како што рече имал и тој.

Ама еден мораше да отиде во Брисел и во име на граѓаните на маса со 27 лидери на ЕУ јасно и гласно да го каже ставот од името на коалицијата, од името на претседателот на државата и од името на граѓаните, рече Ковачевски.

Next Post

Николовски: Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште

Shortcut

Најново

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk