ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Десетти ден расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет

July 2, 2022 08:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжат амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши денеска.

Расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година почна на 13 јуни. Ребалансот на државната каса, како што образложи министерот за финансии Фатмир Бесими, има две цели – да ја задржи стабилноста и да ги поддржи економијата и граѓаните.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи…

Економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти што е намалување за 1,4 процентни поени во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот, а стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари односно 5,3 проценти од БДП што е за 9,1 процент повеќе во однос на првичниот буџет. Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг, како што беше посочено на презентацијата на ребалансот, ќе се финансираат преку задолжување од меѓународниот и домашниот пазар.

Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.

За пратениците од власта, со ребалансот се овозможува продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза. Ставот на опозицијата е дека овој ребаланс е директен доказ за тоа дека земјава е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена, во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг и оти имаме највисока инфлација во последните 20тина година, огромен недостаток на домашно производство на електрична енергија, најнизок економски раст во регионот, но, и како што нагласија, најкорумпирана власт која за пет години успеала да уништи сиот институционален капацитет кој се создавал во минатото.

За пратениците од СДСМ, пак, преку овој ребаланс со одговорен пристап се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството.Се крати секаде каде тоа е можно за да се супституираат ценовните шокови кои ги има во целиот свет.

Членовите на собраниската Комисија вчера разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи.

Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство.

Во Собранието за попладне е закажана и седница на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред се Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и три барања за автентично толкување на членови од законите за здравствена заштита, за облигациски односи и за урбанистичко планирање. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk