ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Завршена форензичката анализа на куршумот што ја усмрти новинарката на „Ал Џезира“, САД им го вратија на Палестинците

July 4, 2022 10:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Анализата на куршумот што ја уби новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, во американската Амбасада во Ерусалим е завршена, а материјалот е доставен до палестинските власти, објавија денеска арапските медиуми.

Палестинскиот министер за правда Мухамед ал Шалалдех синоќа изјави дека резултатите се очекува да бидат објавени во текот на денов.

Палестинката Абу Аклех (51), долгогодишна новинарка на „Ал Џезира“ под неразјаснети околности беше застрелана во Џенин додека известуваше за напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег.

Бидејќи таа имаше и американско државјанство, САД побараа да извршат сеопфатна и независна истрага по случајот и да направат балистичко вештачење на куршумот, што беше поздравено од палестинските власти.

Палестинската управа претходно одби да му го предаде куршумот на Израел и да спроведе заедничка истрага со Израелците, за во саботата вечерта да го достави на Американската амбасада.

Израелските медиуми јавуваат дека се уште не познато дали анализата и вештачењето на материјалот ги извршиле Американците или Израелците.

Израелската страна во неделата објави дека нејзини експерти ќе го испитаат куршумот, што е спротивно на палестинските тврдења дека анализата ќе ја извршат американски форензичари.

Портпаролот на израелската армија Ран Кохав вчера изјави дека куршумот ќе биде анализиран во присуство на Американците.

„Доколку куршумот се совпаѓа со оружјето на израелските војници, ќе ја информираме јавноста“, изјави Кохав за Израелското воено радио.

„Ал Џезира“, повикувајќи се на палестински извори, објави дека анализата била направена во присуство на израелски експерт, додека Палестинската управа одбила да испрати свој форензичар. За време на рација извршена од израелската армија во мај дојде до оружен конфликт меѓу израелските трупи и палестински напаѓачи, при што Абу Аклех беше погодена во главата. Истрагата на палестинските власти покажа дека таа била застрелана и убиена од израелски војници.

Израелската армија првично ги обвини вооружените Палестинци за пукотницата, но подоцна соопшти дека е можно новинарката да е убиена од израелски оган.

Израелските власти го идентификуваа оружето од кое е можно да бил истрелан смртоносниот куршум, но сепак соопштија дека за конечен заклучок е неопходна соодветна форензичка анализа./МИА/

Next Post

Пронајдена дрога, приведени девет лица при контрола за време на музичка манифестација во Стар Дојран

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk