ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Макрон: Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја, изборот е ваш

July 7, 2022 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш, се вели во пораката од претседателот на Франција, Емануел Макрон, објавена од Француската амбасада во Скопје.

Ваше е, порачува Макрон, да ја донесете одлуката која ќе ја обликува иднината на Северна Македонија, за која, како што вели, е убеден дека нејзина определба е да биде целосно дел од европското семејство.

– Сега останува на вас Македонците да се изјасните. Моќта да го смените текот на историјата отсега е во ваши раце. Нема да ви кажам дека овој договор е совршен, но ќе ви го расчисти европскиот пат. Како и секој договор, така и овој се заснова на компромиси и рамнотежа. Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет, порачува Макрон.

Во овој договор, посочува Макрон, е наведен Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година.

– Тој гарантира негово добро спроведување, во име на добрососедските односи, кои се темел на европските вредности. На крај, станува збор за ревизија на Уставот за да се интегрираат нови заедници во него. Вашата земја веќе претставува пример за соживот во Европа. Ќе треба да се изјасни Македонското собрание, нагласува во пораката францускио претседател.

Конечно, посочува тој, е дојдено време секој да дејствува, со целосна одговорност и процена на тежината и последиците од своите постапки.

– Вие, македонски народe, уште од стекнувањето на независноста покажавте голема политичка храброст и мудрост. Во 2001 година го склучивте Охридскиот рамковен договор, симбол на возможен успех на едно мултиетничко општество. 18 години подоцна успеавте да најдете сили да го потпишете Преспанскиот договор и станавте триесеттиот сојузник на НАТО. Ја заслуживте почитта од цела Европа. Вашето достоинство како македонски народ е стекнато: тоа никогаш нема да биде доведено во прашање.
Уште еднаш, дојде време да се направи избор и ние сме на ваша страна да ве охрабриме да направите нов чекор, порачува францускиот претседател.

Имате, потсетува тој, кандидатски статус од 2005 година и тоа траеше предолго. Затоа, предизвикот сега е да влезете во нова фаза од процесот на вашата интеграција.

– Знаеме дека со текот на времето, одложувањата и тешкотиите, оваа европска перспектива стана предмет на сомнежи. Јас сум потполно свесен за длабочината и чувствителноста на прашањата што треба да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. За време на Француското претседателство со Советот на Европската Унија, како и за време на германското, португалското и словенечкото претседателство, не штедев напори да се најде решение кое ќе ги почитува интересите и достоинството на двете страни, се вели во пораката од Макрон.

Во Бугарија, нацрт-договорот беше предмет на интензивна дебата. Но, на крајот, порачува Макрон, бугарското Собрание знаеше да ја преземе одговорноста, со широко и надпартиско гласање. /МИА/

Next Post

Ковачевски: Ги повикувам политичките чинители да не ги вовлекуваат граѓаните во насилни протести, давајќи им лажни ветувања

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk