Како што претходно објави Фронтлајн, МВР, во официјално соопштение, ја извести јавноста дека денеска, Единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф. (26) од Скопје. Лицето А.Ф. е осомничено за две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
„Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели“ и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ“ – соопшти МВР.
Според официјалните информации, припадниците на Единицата за интервентна полиција, во координација со Агенцијата за национална безбедност, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка.
Д. Е.