Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со твит на македонски јазик, на нејзиниот официјален профил на Твитер порачува: Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам.
?? Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште еден чекор кон нашата Унија. Денеска сум овде, затоа што верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.
Вашата држава, посочи Фон дер Лајен, е кандидат да стане земја членка на ЕУ од 2005 година, а многумина од вас овде и многу други кои се отсутни, работевте напорно да станете членка на ЕУ, но сега сите, како што рече, мора да го свртиме погледот напред и мора да ја искористиме можноста пред нас да ги започнеме пристапните преговори и да работиме заедно на патот што ве води кон ЕУ.