ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ за „Блумберг Адриа“: Нашиот идентитет е утврден и гарантиран, не постои процес кој тоа може да го поништи

July 14, 2022 19:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку биде поддржан овој ревидиран „француски предлог“, преговорите за земјава за членство во ЕУ ќе започнат уште наредната недела, со организирање на меѓувладина конференција, со којашто ќе започне процесот на скрининг, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ за „Блумберг Адриа“, jавува МИА.

– Скринингот е една почетна и неопходна фаза на секои преговори. Она што е за нас важно е дека нема да има дополнителни условувања од Бугарија, освен ова што веќе сме го прифатиле, а тоа е промена на Уставот заради внесување на бугарската заедница во Уставот. И кога тоа ќе се случи, автоматски продолжуваат преговорите и по поглавја и во другите делови. Така што сме сигурни дека имаме една формула која гарантира тек на преговорите, изјави Маричиќ.

Тој го поздрави обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во македонското Собрание, за која рече дека испратила јасни и недвосмислени пораки дека нè очекуваат да ги почнеме преговорите со Европската Унија за членство уште во наредните неколку дена, доколку се прифати ревидираниот француски предлог.

– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен јасно стави до знаење дека историјата не е критериум за членство во Европската Унија и не може да биде критериум ниту едно историско прашање и конечно јасно стави до знаење дека македонскиот јазик е гарантиран и дека Европската Унија ги почитува различностите и идентитетот на секоја нова членка. Така што во таа смисла го потврди она што го говориме веќе со денови и недели, дека македонскиот јазик е заштитен и гарантиран и ќе биде службен јазик на Европската Унија, кога ќе станеме членка, потенцираше вицепремиерот Маричиќ.

Тој додаде дека во која било фаза на преговорите со Европската Унија, доколку бидеме принудени да правиме какви било отстапки во делот на јазикот и идентитетот, ние можеме да ги напуштиме тие преговори легитимно, бидејќи тоа не е дел од процесот на Европската Унија.

– Никој не треба да има грижи, да има загриженост дека можно е да се направи некаква асимилација. Нашиот идентитет е утврден, гарантиран, го носиме во нас секојдневно, и не постои процес кој тоа може да го поништи, потенцираше Маричиќ.

На прашањето за протестите пред Собранието, вицепремиерот рече дека правото на протест е демократско и секако загарантирано во демократска држава каква што е нашата, но насилството, повикување на насилство и говор на омраза, не се дозволени.

– Секој има право легитимно да протестира и да изразува незадоволство, но треба навистина, имајќи ги сите емоции наши предвид, сите ние имаме емоции кон оваа ситуација, треба да се погледне што пишува во текстот, треба да се погледне реално дека нашиот идентитет е заштитен и никој не може да ни го промени. Дека не постои процес на преговори, ниту каква било цел, којашто би можела нас да не направи нешто друго освен Македонци кои говорат македонски јазик, додаде Маричиќ за „Блумберг Адриа“.

Next Post

Во Албанија за шест месеци бебешки бонус добиле над 19 илјади новороденчиња

Shortcut

Најново

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk