ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Европеизација, или како работи баналниот етноцентричен ум

Ене ги, некојси Боле, качен на бина, вели дека му бил „загрозен идентитетот“, во џеб некој им го ставил; а тој некој не е никој друг, туку „предавничката“ Влада на Ковачевски и СДСМ. И веројатно сега тој нивен идентитет се обидуваат на Бугарите да им го продадат во најлон, во фолија, а може ѝ да го завиткаат во марихуана? И што воопшто претставува „идентитетот“ во тие нивни глави низ кои фучи, струи и дува, не Вардар, туку опасна промаја? И што се, и кои се воопшто тие „бориња“, „митриња“, „јанковци“ и „станковци“ кои мислат дека на некому или на нешто може да им го земе, дарува или враќа идентитетот?!

July 14, 2022 09:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

На самиот почеток веднаш да разјасниме. Мене од никогаш не ме интересирал „објективен“ став, или она кое се нарекува „непристрасно“. Да се биде објективен за работи кои пред очи ги гледаш и слушаш, за таа идеолошка конфузија на нашата десница која сака да биде милитанта, па „филозофска“, па историски „идејна“, за потоа да ти се сили со „народ“ од типот – „брат, не знам дали има човек што го поддржува „Францускиот предлог“ (?) –  таквото тртлање, да ми простите, јас би го нарекол „реакционерна регресија“.

Дали е објективност ако јас кажам дека нашата десницата малку е милитантна, ама малку е и европска? Објективноста и непристрасноста не е ништо друго освен банална дистанца која не е никаков став. Мене македонскиот национализам ми е толку згаден што во некоја смисла го чувствувам како „сраснат“, оти, нели, морам да го гледам и слушам секојдневно, поточно, морам да го гледам и слушам како „го*но во сопствениот тањир“.

Од самиот почеток немав разбирање за тој свет, за таквиот политички и морален став. Не затоа што национализмот во секоја историска ситуација или во секој историски контекст е нешто лошо. Антиколонијаните движења беа националистички, ама нашиот национализам не може да се одвои од расистичката и фашистичката мотивација. Е, тоа е она кое ми смета, и тоа е она кое ми е одвратно. Национализмот во оваа земја не е никаква девијација на „слободарскиот народ“, туку самата срж на нашите националистички проекти.

Имено, да бидам крајно отворен: ретко среќавам млади луѓе кои критички се расположени кон национализмот и милитаризмот, кон националистичките и милитаристичките митови. Можно е и кај постарите граѓани, оние кои знаат нешто повеќе од тоа што им го нуди „школото“ и „националистичката елита“ на Мицкоски. Војната во Украина, да речеме, за нив не е доволно јак мотив за да му се спротивстават на мејнстримот кој, таа војна, ако не ја поддржуваат, тогаш „благо“ ја поздравуваат. Што знам, прашањето само се мести: дали на отпор против национализмот би ги придвижила нова војна на Балканот? Подобро би било тоа да не го разбереме, подобро би било на таков испит воопшто да не излегуваат нашите постари и помудри чичковци и тетки. Нешто слично може да се каже и за интелектуалците кои молчејќи ја трпат, ако не ѝ ја одобруваат (?), политиката на војна на Русија во Украина и омразата кон соседите.

Ама и за интелектуалците е многу подобро за аздисаниот национализам сега да се изјаснат, а не кога ќе биде предоцна, па да се ронат горки солзи на задоцнетиот ум.

Да се вратиме на нашата секојдневна реалност. Денеска почнува расправата во Собранието на Република Северна Македонија за „Францускиот предлог“. Опозицијата хушка, клевети, се мава од земја, вреска до небо, вели, се работи за предавство, вели, се работи за „бугаризација“ во која, нели, Бугарите предничеле напред со „Францускиот предлог“, а нам ќе нѝ се одземел идентитетот, јазикот, културата, историјата… И уште, пазете, ве молам, ќе сме морале да го отвориме Уставот и да ги ставиме Бугарите, оние 3.500 од последниот попис, па уште и ќе сме морале да не ги хејтаме на Фејсбук? Многу страшно, мора да признаеме – бу! Или беше ху-баба-ху!?

И сега седам, се думам, што да напишам, како да ја опишам оваа глупост која, во суштина, не е ништо друго освен антиевропеизација, повик на авторитаризам, потрага по нов диктатор кој ќе ја збрише оваа сцена и со своја рака ќе доведе ред и поредок во земјата. Овие луѓе, оваа омраза, оваа „навреденост“ е оголена слика на нашата беда и несреќа на духот на овдешните лумпенпатриоти. И таман се опоравивме од досадниот терор на Груевски и неговата тупост, еве ги, повторно се закануваат со власт над нашите животи.

Ене ги, некојси Боле, качен на бина, вели дека му бил „загрозен идентитетот“, во џеб некој им го ставил; а тој некој не е никој друг, туку „предавничката“ Влада на Ковачевски и СДСМ. И веројатно сега тој нивен идентитет се обидуваат на Бугарите да им го продадат во најлон, во фолија, а може ѝ да го завиткаат во марихуана? И што воопшто претставува „идентитетот“ во тие нивни глави низ кои фучи, струи и дува, не Вардар, туку опасна промаја? И што се, и кои се воопшто тие „бориња“, „митриња“, „јанковци“ и „станковци“ кои мислат дека на некому или на нешто може да им го земе, дарува или враќа идентитетот?!

Да се биде човек „идентичен на себе“ значи да се поседува автентичност, поточно значи да се поседува идентитет кој, во некоја разумна смисла може да се почуватсвува како „реален“. Човек што има свој идентитет значи да се изразува слободно, да мисли, чувствува и љуби слободно. Колективни идентитети нема, ниту некогаш ги имало, добро, ги има, ама само во дилетантските етноцентрични глави, надвор од тоа ги нема, поготово ги нема во денешниот смачкан, собран и електронски вмрежен свет.

Утре, да не се зафркаваме, посакувам Владата на Ковачевски да го изгласа „Францускиот предлог“ во Собрание, да ни продолжат евроинтеграциите, и’ да престанеме со дилетантските фантазии на Мицковите етноцентрични умови; дури ова кое го велам многу повеќе важи не за Мицкоски или за Ковачевски, не важи ниту за партиите, туку најмногу важи за ова парченце земја кое не може (а ниту смее!) да оди на друг пат освен Европскиот. На крајот на краиштата, утрешниот ден најмногу важи и за оние деца кои сега мирно спијат во своите домови, за нив е оваа земја, тие да не се оптеретуваат со овие глупости кои денес се оптеретуваат нивните „старци“.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk